Имам пиено алкохол 3 пати до сега. Се имам опијането 3 пати до сега. Првиот и вториот пат беа катастрофа, третиот пат беше во ред - се отрезнив пред да дојдам дома.
***
Мислам дека повеќето млади/тинејџери пијат исклучиво за да се направат камен и да имаат со што да се пофалат. "Бев во парк викендов и се направив камен" стана многу честа реченица, исто и тоа "Еј брат, лом сум се напраил - ништо не се сеќавам".
А тука се и оние кои пијат само кога има луѓе наоколу, па ќе направат некоја глупост со надеж наредниот ден да бидат тема за муабет.
Си сакаат внимание и уживаат во тоа кога некој ќе почне да ја раскажуваа таа "луда" случка и сите очи се на него или кога некој ќе им каже "Еј брат, абе стварно ненормален си!".
Во секој случај - како што поминува времето почнуваме да ги гледаме работите на друг начин, па веќе после некое време, кога ќе размислиме какви сме биле, што сме правеле и како сме се однесувале, ќе се засрамиме.
Така и со овие млади алкохоличарчиња. За неколку години (колку и да им треба), тие што ќе бидат доволно среќни да се освестат и одвикнат од тоа, ќе седат во круг со група пријатели и ќе зборат "Еј, се сеќавам кога на 16-17 години се пијанчевме во парк и мислевме дека сме кул".