Тинејџери алкохоличари

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Насловот кажува се. Што мислите за оваа појава?
Дали алкохолизмот кај тинејџерите е последица на новите начини на живот на младите или е само уште еден обид на младите да ја покажат својата сила пред другите?
Колку сметате дека алкохолизмот за време на тинејџерството може да прерасне во алкохолизам кој понатаму во животот ќе стане и хроничен проблем?

Одвратна навика. Поготово кога се недораснати. И покрај забраната, сепак доспеваат до алкохолот.
А што се криви родителите да ги плаќаат казните.
Не ги воспитале правилно? - Не! Школото е криво. - Не!
Социјална деградација во последно време.
Мислам дека треба да ја подигнеме свеста кај децата. Жалосно е што основци и средношколци се пијанат навечер. А уште пожалосно е што сопствениците на помалите локални продавнички продаваат алкохол на малолетници.

Јас разбирам да се паѓа во депресии и да се посегне по алкохол и по дрога.Иако и тоа е табу тема и ми е страв да зборам за тоа зашто знам дека ќе ме нападнат одма.
Ама која депресија ја има млад тинејџер 13-14-15 години, што не знае да си го најде курето кога моча?
Тоа се вика раскурцана младина.Е зашо? Епа ќе излезе во кафич, ќе испие колку може и колку не може, и стандард процедура, или токсикологија или добива самоубиствени мисли, или прави инциденти кои што најчесто завршуваат лошо за истиот.
Епа со оглед на тоа дека јас искрено си се чуствувам алкохоличар, и сум почнал со пиење многу многу одамна, пиењето алкохол секојдневно станува навика од која нема одвика.Без разлика кога ќе почнеш.Да, хроника е, во која што сепак треба да постои некаква контрола.
Која забрана? :D Карши влада до рано наутро даваат алкохол и на 5 годишни деца :D
Најголемата кривица е во родителите.Доколку го фатам синот ѓон пијан во 7-мо одделение ќе видиш како за секунда ќе му излезе алкохолот и дали некогаш ќе посегне по алкохол, и тоа без да го тепам.
Ама се е принцип.Децата се огледало на родителите.Се’ дури се тинејџери мора да се внимава со кого се дружи, каде излегува, дали пие, дали пуши итн.Затоа што тој период е најкритичен и буквално, ако уште тогаш почне со алкохол, тој не прекинува.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
Ајде бе луѓе...тинејџер без малку(малку повеќе) алкохол не е тинејџер...макар и иво да е...тој период се случува еднаш нема веќе реприза на тоа
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Ниту еден интересен муабет не започнува- еј брат дали се сеќаваш кога пиевме фанта шоката (колку глупаво звучи:zelen ).... така да слободно пијанетесе до максимум за кога ќе ве запрат џандари и кога ќе дувните на оние апаратчинана да им прегорит од преоптовареност.
Сакам да кажам дека само сексот и пијанчењето до врв се памети во животот, се друго се заборава.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Wind, Bum-Bum and parvati

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
Ајде бе луѓе...тинејџер без малку(малку повеќе) алкохол не е тинејџер...макар и иво да е...тој период се случува еднаш нема веќе реприза на тоа
Да бе, да. Секој бил алкохоличар. Може и сите адолесценти се имаме и лечено од таа зависност.

Тоа што ти го викаш малку или малку повеќе не укажува на човек кој е зависен од алкохол, туку на некој кој еднаш, два пати, три пати... десет пати во живот се опијанил.
Алкохоличар е човек што не може без алкохол. Спие со шишето в раце.

Или насловот е несоодветен, или темава е полна со офтопици.
 

Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
Да бе, да. Секој бил алкохоличар. Може и сите адолесценти се имаме и лечено од таа зависност.

Тоа што ти го викаш малку или малку повеќе не укажува на човек кој е зависен од алкохол, туку на некој кој еднаш, два пати, три пати... десет пати во живот се опијанил.
Алкохоличар е човек што не може без алкохол. Спие со шишето в раце.

Или насловот е несоодветен, или темава е полна со офтопици.
Добро знам што е алкохоличар...напишаното ми беше упатено за сите што се против една чашка или повеќе:D
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Ги читам постовите погоре .. и се пукам од смеа, и се согласувам само на еден пост .. тој од Бобо, да можев една годзила фејспалм би направил.

Ај вака сеа:

А што се криви родителите да ги плаќаат казните.
Не ги воспитале правилно? - Не!

Криви се .. и те како. Познавам многу родители .. кој му даваат на детето пари за излегување .. и му викаат пиј пуши што сакаш прави, еднаш се живее. А тоа значи ? Невоспитаност, така ? Така е.
Друго е кога ќе ти дадат 500 за излегување, и ќе се правиш демек видејте ме ајде сеа на пиење сите, друго е кога ќе му дадиш 50 - 60 денари, па нека мисле за што да ги потроши попрво, хм.

Е дее дее. Секој поминува низ таа фаза. Јас не познавам човек, кој не поминал барем година 2, во пијанчење со пријателите навечер на викенд. Особено на лето. Тоа е тоа, млад човек, недоволно зрел, лесно е да потклекне на пороци. Мислам дека повеќето не продолжуваат понатаму со активно пиење на алкохол. Барем јас и моите пријатели престанавме.

Се имам опиено само еднаш во животот, од љубопитност, и на тоа останувам. Алкохол повеќе не ставив во устата, не гледам некоја убавина во пиењето, радо би потрошил пари на нешто попаметно, отколку на алкохол којшто знам дека ми наштетува.

Мене лично пиењето воопшто не ми е интересно, еве 19 години сум, а досега се немам опијането, не ми е убаво, така ме воспитале од дома, сепак мислам дека се е до воспитувањето од дома и секако од карактерот на детето... а кога ги гледам малите деца пијани, ми се гади, едноставно ми станува жал за истите, ајде да се опиеш еднаш, двапати, ама 100 пати, а денешната младина се повеќе и повеќе пие... тоа е што е, современо општество |-(

Ајде некого да поддржам тука.

Не си тинејџер - алкохоличар ако земаш алкохол во дозволени дози :rofl Мислам дека зборот алкохоличар е претежок за да ја опише оваа појава, барем јас под алкохоличар разбирам човек кој е зависен од тоа и го прави скоро секојдневно, еднаш ако си се напил со друштво или во свечена прилика не е ни блиску до алкохолизам.

Да, во право си .. сепак за она Не си тинејџер алкохоличар ако земаш аллкохол во дозволени дози. Па немора ни да земеш пер .. што те прави тоа помалку од другите ? Не .. напротив, покажуваш друга иницијатива за разлика од другите.

тешка пијаница сум ;)

Фала ти што се пофали, сеа од на Јованка ордените ќе ти дадиме.

Ајде бе луѓе...тинејџер без малку(малку повеќе) алкохол не е тинејџер...макар и иво да е...тој период се случува еднаш нема веќе реприза на тоа

И ? Ако нема реприза ајде да се начукаме ко магариња ?
Ајде бе .. дозволи еднаш да ти речат „ниеднаш го немам овој видено да се напие, алал да му е, дели од сите во неговото друштво“ отколку да викаат си се напил ко магаре .. исто ко твојата екипа или што ти знам колку народ таму. Обиди се да издвоиш од другите, а не да бидеш како нив.

Има многу поубави работи од алкохол во детството, верувај.
 

alekjov1234

Староседелец
3 август 2012
138
48
1,028
Да, во право си .. сепак за она Не си тинејџер алкохоличар ако земаш аллкохол во дозволени дози. Па немора ни да земеш пер .. што те прави тоа помалку од другите ? Не .. напротив, покажуваш друга иницијатива за разлика од другите.

Не велам дека пиењето е гордост или дека е морално, некогаш е добро да крене атмосфера малце ама мислам дека е далеку од алкохолизам тоа ако си се напил 2-3 вечери во месецот онака лајт за забава.
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Не велам дека пиењето е гордост или дека е морално, некогаш е добро да крене атмосфера малце ама мислам дека е далеку од алкохолизам тоа ако си се напил 2-3 вечери во месецот онака лајт за забава.
ќе кажам пак, има начини други за кревање атмосфера :) јас пиењето го сфаќам како глупав изговор за немање соодветни пријатели/другари :) (без навреда) па ајде ќе се пијанчиме за да ни биде интересно.
 

alekjov1234

Староседелец
3 август 2012
138
48
1,028
ќе кажам пак, има начини други за кревање атмосфера :) јас пиењето го сфаќам како глупав изговор за немање соодветни пријатели/другари :) (без навреда) па ајде ќе се пијанчиме за да ни биде интересно.
Тогаш може и јас сум им лош влијател, обично по моја иницијатива оде тоа :D
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Тогаш може и јас сум им лош влијател, обично по моја иницијатива оде тоа :D
Може .. незнам не ви се мешам во тоа и немам намера, само кажувам од моја гледна точка и како гледам на тоа :) кажав, без навреда, не си земај ништо лично, кажав општо, не посочив никого.