Насловот кажува се. Што мислите за оваа појава?
Дали алкохолизмот кај тинејџерите е последица на новите начини на живот на младите или е само уште еден обид на младите да ја покажат својата сила пред другите?
Колку сметате дека алкохолизмот за време на тинејџерството може да прерасне во алкохолизам кој понатаму во животот ќе стане и хроничен проблем?
Одвратна навика. Поготово кога се недораснати. И покрај забраната, сепак доспеваат до алкохолот.
А што се криви родителите да ги плаќаат казните.
Не ги воспитале правилно? - Не! Школото е криво. - Не!
Социјална деградација во последно време.
Мислам дека треба да ја подигнеме свеста кај децата. Жалосно е што основци и средношколци се пијанат навечер. А уште пожалосно е што сопствениците на помалите локални продавнички продаваат алкохол на малолетници.
Јас разбирам да се паѓа во депресии и да се посегне по алкохол и по дрога.Иако и тоа е табу тема и ми е страв да зборам за тоа зашто знам дека ќе ме нападнат одма.
Ама која депресија ја има млад тинејџер 13-14-15 години, што не знае да си го најде курето кога моча?
Тоа се вика раскурцана младина.Е зашо? Епа ќе излезе во кафич, ќе испие колку може и колку не може, и стандард процедура, или токсикологија или добива самоубиствени мисли, или прави инциденти кои што најчесто завршуваат лошо за истиот.
Епа со оглед на тоа дека јас искрено си се чуствувам алкохоличар, и сум почнал со пиење многу многу одамна, пиењето алкохол секојдневно станува навика од која нема одвика.Без разлика кога ќе почнеш.Да, хроника е, во која што сепак треба да постои некаква контрола.
Која забрана?


Најголемата кривица е во родителите.Доколку го фатам синот ѓон пијан во 7-мо одделение ќе видиш како за секунда ќе му излезе алкохолот и дали некогаш ќе посегне по алкохол, и тоа без да го тепам.
Ама се е принцип.Децата се огледало на родителите.Се’ дури се тинејџери мора да се внимава со кого се дружи, каде излегува, дали пие, дали пуши итн.Затоа што тој период е најкритичен и буквално, ако уште тогаш почне со алкохол, тој не прекинува.