1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Тинејџери алкохоличари

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од Marick14, 8 август 2012.

  1. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Насловот кажува се. Што мислите за оваа појава?
    Дали алкохолизмот кај тинејџерите е последица на новите начини на живот на младите или е само уште еден обид на младите да ја покажат својата сила пред другите?
    Колку сметате дека алкохолизмот за време на тинејџерството може да прерасне во алкохолизам кој понатаму во животот ќе стане и хроничен проблем?

    Одвратна навика. Поготово кога се недораснати. И покрај забраната, сепак доспеваат до алкохолот.
    А што се криви родителите да ги плаќаат казните.
    Не ги воспитале правилно? - Не! Школото е криво. - Не!
    Социјална деградација во последно време.
    Мислам дека треба да ја подигнеме свеста кај децата. Жалосно е што основци и средношколци се пијанат навечер. А уште пожалосно е што сопствениците на помалите локални продавнички продаваат алкохол на малолетници.
     
  2. Aaliyah

    Aaliyah Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    887
    Допаѓања:
    1,090
    Кај нас не е толку страшно како што е во Русија
    Таму од 10 год почнуваат да се пијанчат и тркалаат по паркови и клупи :x
     
  3. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Е дее дее. Секој поминува низ таа фаза. Јас не познавам човек, кој не поминал барем година 2, во пијанчење со пријателите навечер на викенд. Особено на лето. Тоа е тоа, млад човек, недоволно зрел, лесно е да потклекне на пороци. Мислам дека повеќето не продолжуваат понатаму со активно пиење на алкохол. Барем јас и моите пријатели престанавме.
     
    На melpomena, parvati, Wild.One и уште 1 член му се допаѓа ова.
  4. freak

    freak Староседелец

    Зачленет на:
    18 јуни 2012
    Мислења:
    190
    Допаѓања:
    120
    Јас мислам дека секој тинејџер поминува низ таа фаза. Не сме дораснати, во тие години се што е забрането ни е интересно и не привлекува. :)
     
  5. Caci

    Caci Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    872
    Допаѓања:
    1,103
    Мене лично пиењето воопшто не ми е интересно, еве 19 години сум, а досега се немам опијането, не ми е убаво, така ме воспитале од дома, сепак мислам дека се е до воспитувањето од дома и секако од карактерот на детето... а кога ги гледам малите деца пијани, ми се гади, едноставно ми станува жал за истите, ајде да се опиеш еднаш, двапати, ама 100 пати, а денешната младина се повеќе и повеќе пие... тоа е што е, современо општество |-(
     
  6. alekjov1234

    alekjov1234 Староседелец

    Зачленет на:
    3 август 2012
    Мислења:
    138
    Допаѓања:
    48
    Не си тинејџер - алкохоличар ако земаш алкохол во дозволени дози :rofl Мислам дека зборот алкохоличар е претежок за да ја опише оваа појава, барем јас под алкохоличар разбирам човек кој е зависен од тоа и го прави скоро секојдневно, еднаш ако си се напил со друштво или во свечена прилика не е ни блиску до алкохолизам.
     
    На melpomena и UnFleur им се допаѓа ова.
  7. Sebastian

    Sebastian Активен Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    174
    Допаѓања:
    110
    Не за џабе ги викаат најубавите година...ако како тинејџер, средношколец не претераш сп алкохол тогаш кога...секако дека е штетно но од друга страна секогаш кога некој започнува реченица(најголемиот дел а не сите) Синоќа си поминав многу убав,...и после следи она се испијанивме сите.....целиот овај период..тинејџерски..се вртата неколку рбаоти...кој е подбориот поубавиот попаметниот...но во едно(во пиенње) сите може да бидат исти на некој начин и тоа претставува една рамнотежа,,,сум пиел а најповеќе сум биле во додека сум бил на училиште скоро секој викенд(а некогаш викеднот ни почнуваше уште од четврток навечер :rofl)....пијте и дружетесе...убавите моменти потоа автоматски си доаѓаат :D
     
  8. Electra

    Electra Неонка
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    2,048
    Допаѓања:
    6,666
    Стварно алкохолот е изговор за наводно луди и незаборавни моменти?
    Исто ко што кафаната е изговор за да се слуша турбо-фолк.
    Со алкохол ташаци не растат.

    Не дека јас светицата немам капка ставено во уста, посебно летово, ама си имам самоконтрола, а и до гените е. :giggle
    Ама што не личи, не личи. Го гледаш сушљаче 14 годишно, оди ко споулавено и повраќа на секој чекор, за себе не знае.
    Што е тука незаборавно молим те? Што опцуле случаен минувач? Што го исповратиле другарот? Што дома јаделе ќотек?
    Алкохоличари поголемиот дел нема да станат, се гледа колку им поднесува организмот.
    Но ете, за сефте на друштвото. Пролазна фаза на (само)докажување.
     
    На Arkantos и slb_bobo им се допаѓа ова.
  9. Kisserboy

    Kisserboy Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    2,446
    Допаѓања:
    3,794
    тешка пијаница сум ;)
     
  10. Hkakashi

    Hkakashi Староседелец

    Зачленет на:
    13 јуни 2012
    Мислења:
    1,543
    Допаѓања:
    1,697
    Ја сам бш у такви године, седнемо на кеј и купимо по некое пиво и ае ке си пиемо и само се слуша, а ти неможеш на екс ти неможеш овој ти неможеш оној. Затој се тинејџери пијанчив за да се направив пред другари дека су силни. Ја сс друштво увек пију ама никад не сам се напија, можда сам некопут бија загреан ама никад не сам дошја дома летва пијан, а испију повише од тија што су летва пијани. Од пиење на екс алкохол и возрасан човек ке се напие а не деца.
     

Сподели: