Не знам што би било со тетоважава за некоја година, ама ремек дело е !
Отвори ја прикачената датотека 17324
Сега е пролет на сликата, али за некоја година екстремна зима ќе биди или нуклеарна катастрофа.
Пред некоја година мој пријател си направи тетоважа на стомак (кај слабините) исус на крст. Му тврдев дека нема целживот да биди истата овој не веруваше. Еве поминаа скоро 4 години пуштил стомак,се поздебелил, сликава развлечена ко изгужвана пара,а во главата како топка издишена му беше направена.
Тетоважи на рака се исто толку глупави колку и на стомак/задник/пениси и други полови органи.
Рацете се најизложени на сонце и секогаш ќе избледи бојата колку и да се повторува тетоважата периодично.
Стомакот,задникот,бутовите, се места каде се таложи салото. Жените после пораѓај,мажите после второто пиво, небитно,сите пуштаат малку сало а тетоважата ќе си ја гледате во дупла резолуција развлечкана.
Едино добро место ако веќе се тетовирате, е пределот над глуждот, рамената, и на чело за да бидите најфаца.