Јас многу се тепав порано

Мислам дека цело време се тепав и си барав рчки уствари. Имам помал брат и така малку повлечен си беше ко мал, ко девојче да не речам (ама веке реков) и јас го бранев од секој и сешто

Машкоданка што ќе праиш... Ама од сериозните тепачки имам 2-3 една е накај 4-5то одд коа играв фудбал у маало кај вујко ми и не му давав на еден
дибек да влезе да игра фудбал, а јас бранев и шо е најбитно бев како машко со дрес, шорцеви, кратко коса и без цицки

и он ми пререче нешо како "Кој си па ти да не ми даваш да играм ау, сега ќе си влезам" и мене толку ми треба бам бум тука го егнав, боксови, шамари, се превртуевме, он ме легна, па јас пак абе циркузи, и дојде дедо ми и му се испоразвика "Абе шо праиш ти врз внука ми, како не ти е срам, на децојче" и овој збунка одма, "внука?! Леле извинете, незнаев дека е женско"

Сега што е најинтересно истиот тој дибек си го поштуем највеќе и се гледавме некои 2-3 години ама ми отиде за Дубаи

Другата исто беше со едно машко ама не памтам зашто се степавме ама 100% за некоја машка игра пак

И Третиот пат беше со едно девојче исто од кај вујко ми, не памтам ни тоа зашто беше ама и она ко машко и јас се испоклоцавме, се испокубавме.... А да, има уште една дешавка у Кастро кај што мислам дека Вики од оноа шоуно Велики Брат, остана без грам коса пошо нели и ја искорнав (а она неможеше да ме кубе пошо ми беше у пунџа фатена) а плус и жива вода од пиво шо и потурија другарките мои во моја одбрана
