... и овој прекин многу му одговара на Новак да се совземи...
Мене искрено Ноле ми е многу чуден со падовите во играта, а инаку факт е дека се’ уште тој е најјакиот тенисер на планетава. Eте и со Дел Потро, значи во вториот сет Дел Потро прави брејк на сам почеток, поведува 2-0, Ноле пак сервира, Дел Потро има серија од 10-0 во поени, значи претходните 2 гемови ги зема без поен на Ноле, и плус сега води 0-30 на сервис на Ноле...
И одеднаш овој повторно распалува, го зема гемот, го враќа брејкот, победува убедливо на тај-брејк и после третиот сет рутински си го завршува со еден брејк на сервис на Дел Потро.
Затоа и ова вчера со Ферер мислам дека беше само кризен момент. Паузата одлично ќе му дојде на Ноле и веројатно ќе го добие и овој натпревар. Има многу чудни падови, но успешно ги совладува.