Дечки, смирено. Досега прогледував низ прсти, освен во екстремни ситуации, и само бришев за да не ви го кратам правото за дискусија и слобода на говор, но бидејќи често добивам пријави за провокации по неколку теми од религија, од овој момент, било која намерна провокација со цел да се поттикне тензија или да се навреди некој, ќе биде казнувана со 3 поени, а мислењето најверојатно ќе ви го оставам за по некое време да си се препрочитате.
Имајте на ум дека само 3-4 опомени ќе ви требаат за бан. Поените си идат автоматски со опцијата, не можам ништо да сменам, затоа на вас ќе е колку ќе се воздржувате ако сакате да имате пристап за пишување.
Било кое недоразбирање, решете си го приватно. Секое јавно повикување слободно пријавете го, па истото ќе биде разгледано и по потреба санкционирано.
Навистина се надевам дека нема да имаме проблеми со разбирањето и дека нема да има потреба од поригорозни мерки бидејќи се гледа дека вие неколку души што дискутирате го одржувате овој подфорум во живот со познавањата и интересите, но не го користете тоа да вреѓате туѓи верувања.
Може на многу поцивилизиран начин да се докажувате и ширите видици.