Телема

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Заокружи го точниот одговор!

а) момчето,лебедот не
б) лебедот ,момчето не
в) двајцата
г) сите во приказната ја следат споствената волја
д) никој
ѓ) бездната,а тие се нејзин одраз

:svirka

Го нема точниот одговор тука... ти реков да поработиш малку на оваа книга! Затоа ти велам прочитај малку, запознај се со симболите, затоа така подолг одговор доби претходно... знам дека не сакаш книги ама... што да ти правам, твоето не знаење не го нафрлај насекаде...
Ем човек ќе ти даде одговори, патокази, ти пак доаѓаш и се исмеваш... браво! И велиш да се симнеме кај тебе во калта? Не благодарам.
Lena тебе ти се допадна ова? СИгурно исто мислење имате за Liber LXV со alf :)

P.S. Ништо не потонува, не сакам неуки и неспособни да имаат пристап до свети работи! Неуки и неспособни за овие работи по свој избор! Јас само ги следам... и им давам тоа што им треба и доста е... задоволни и тие и јас. Одговорот што ти го дадов не го разбра или ти се виде долг? Па пак праша, па и ми понуди што е точно? Што е проблемот?
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Повели!Кажи ако смееш!

Смеам, не сакам :)
Ти реков подобро е преку патокази... а ти дадов премногу патокази претходно во постот! Нема да постигнеш ништо ако дотрчаш до целта со моја помош, до твоето моментално Тао :D
Ти не си ја ни почнал „Срце обвиткано со Змија“ не пак да ја завршиш! Оди читај...
Одговорот е таму и во неколку други списи... седни прочитај ја. И ќе видиш колку се битни и Лебедот и момчето и אדני .
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Ајде, доста фрустрирања и дофрлања муабети. Ако знаете за што дискутирате, повелете, ако не, информирајте се, па побивајте со факти, а ко што ве читам, само кон лична основа повеќе одите, чисто инат да се води.
Напоменато е во правилата дека религија е сензитивна тема, и на истата треба да се внимава. Следно ќе делам казнени.
И alf (а и општо за сите важи), без гугутки и остало животинско царство.
Ако сакате нормална дискусија, обраќајте се онака ко што сте спремни да ви се обратат, во спротивно, само еден клуч може да добие темава, ништо друго.
Се надевам ќе наидеме на разбирање. :)
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Се слушаш ли што зборуваш? (facepalm)

Не знам како ти ме читаш, јас одлично пишувам... Ти реков убаво види кој кому зборува во Liber LXV, научи нешто за симболите во книгата... многу полесно ќе разбереш зошто постои „поделба на зборот“ под Бездната! И нормално зошто ти се заморуваш со Телемата... :)
Не ми кажувај што си научил, дејствувај!
Досадуваш со прашања на кои ти дадоа од каде да почнеш да ги надминуваш... Ако не е вистина тоа и имаш познавања и пракса, добре дојде Телемиту!

Не досадувај на темата, дај нормален муабет... прашуваш работи за кои се знае дека ќе добиеш одговор кој ќе ти даде само патокази не и целта...
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Хептаграм
Да имав мислење ќе го напишев.И еве го пишувам сега.
Ја пратам дискусијава и нормално дека ќе ми се допадне нешто што и мене ме интересира.Одговорот за волјата
го немаше.
Зарем не е ова тема за прашања и одговори?
Запознавање на телема.
Кога би ги прочитала сите книги за телема,ќе ги откријам вашите тајни за кои вие нудите патокази.Или поточно дел од нив.Кога веќе сакам дел да знам,ќе сакам се да знам.
Ако веќе би сакала се да знам,би требала да постанам дел од вас?Така?
А што ако немам намера да се определувам?
А сакам да знам,за што се работи?
Ќе поставам прашање на форум,нели?
Затоа сте тука.
И што е тоа толку тајно во телема?
Сите останати учења немаат тајни или не ја искажуваат тајноста,телема има.
Се прашувам зошто е тоа така?

Чинам точно го знам одговорот,но ќе оставам на тебе.

Кои се целите на телема?
Кој ви е филмот?

Пс.А реков нема да дискутирам денеска.
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Хептаграм
Да имав мислење ќе го напишев.И еве го пишувам сега.
Ја пратам дискусијава и нормално дека ќе ми се допадне нешто што и мене ме интересира.Одговорот за волјата
го немаше.
Зарем не е ова тема за прашања и одговори?
Запознавање на телема.
Кога би ги прочитала сите книги за телема,ќе ги откријам вашите тајни за кои вие нудите патокази.Или поточно дел од нив.Кога веќе сакам дел да знам,ќе сакам се да знам.
Ако веќе би сакала се да знам,би требала да постанам дел од вас?Така?
А што ако немам намера да се определувам?
А сакам да знам,за што се работи?
Ќе поставам прашање на форум,нели?
Затоа сте тука.
И што е тоа толку тајно во телема?
Сите останати учења немаат тајни или не ја искажуваат тајноста,телема има.
Се прашувам зошто е тоа така?

Чинам точно го знам одговорот,но ќе оставам на тебе.

Кои се целите на телема?
Кој ви е филмот?

Пс.А реков нема да дискутирам денеска.
Одговор на прашањето ќе биде избегнат со како тоа сме неуки,не сме прочитале,одговорот во тишина ќе ни се открие..и така натака.Ќе бидат постирани еден куп линкови со книги,мислења,блогови,реклами колку сакаш,ама одговор нема да дадат!
Тие се силни,ние слаби,тие имаат пердуви и летаат,ние немаме.:zelen
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Точно, тука сме да дискутираме, не само да прашуваме нели... Не секој му се допаѓа идејата Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот закон! Не секој му се допаѓаат тајни Редови! Не секому му се допаѓа човекот да има своја волја, итн итн... Затоа философираме, зборуваме, објаснуваме, разјаснуваме ако можеме... Затоа е форумот...


Кога прашуваш, прашуваш бидејќи не знаеш или како неиницијант прашуваш за да дознаеш она што те интересира во врска со Телемата, пракса и може да ти се каже и помогне некако со одговор?
Или пак прашуваш прашања на кои наводно го знаеш одговорот па да видиш дали Телемитиве знаат што зборуваат?
Дали кога ќе ти одговорат на прашање за кое не си имала одговор се буниш за одговорот и велиш не е така? И пак заморуваш со истото иако некој одвоил време да помогне со одговор (иако се знаеше дека одговорот е небитен, прашувачот сакаше само да се исмева), а ти како непознавач на темата мудруваш сеуште и нудиш свои одговори? Зошто некој прашува ако знае кој е одговорот? Тоа е несериозност кон темата и кон соговорникот! Така? Така...

Е сега за твоите прашања во врска со книги читање и тајните!

Тајните на Редот се даваат на уво и во четири очи само на тие што се иницијанти! О.Т.О. е таен Ред сепак, си пишува убаво на нашата официјална страница, може да погледнеш. Нема книги, нема писма нема ни една буква од тајните надвор од Редот. Едно е егзотерија, друго е езотерија! Правете разлика...

Книгите се за да се запознаат неиницираните со Редот и со праксите! Да се запознаеш со хиероглифите на Редот, со говорот на Мајсторите! Со философијата! Но философијата не дава многу напредок за неиницираните, само ги потикнува да истражуваат, да бараат дали се за иницијација или не се. Толку...

И да сакам не можам да ти ги кажам тајните од сите тие пракси и симболи кои ако ги собереш одеднаш сите, нема да добиеш ништо! Има момент и простор тука на Земјата во однос на секоја индивидуа кога преку пракса одредени симболи стануваат премногу јасни и им се разбира вистинската природа (атрибуција) и се напредува.

За да бидеш иницијант во О.Т.О. ти треба некоја подлабока суштинска причина, не само потреба од дознавање на тајните.
Секој Телемит, иницијант во Редот има потполна слобода да биде што сака и да не се ограничува! Редот не ти забранува да бидеш што сакаш. Редот ти дава алатки да откриеш кој си ти и да бидеш тоа засекогаш! ТИ си Телемит бидејќи си иницијант во Ред кој што прв го прифати Законот на Телема! Ништо друго... тоа не те ограничува. И во „Книгата на Законот“ пишува што значи тоа Телемит!

Сите иницијаторски сиситеми имаат тајни учења! Едни за неиницираните, други за иницираните! Реков, егзотерија не ја мешајте со езотерија!

Нема тајни во Телемата! Телемата е философија и пракса! Редот има тајни учења. Правете разлика...

Кој ни е филмот прашуваш? (facepalm) Ех... со ова го упропасти целиот пост што го напиша, не ти требаше. Ама ок, ете сепак ти одговорив на прашањата колку што можев подобро.
Кои се целите на Телемата? Кој е Законот на Телема, Lena ? Така ќе си дадеш одговор сама! ;)
93 93/93
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Досадуваш со прашања на кои ти дадоа од каде да почнеш да ги надминуваш... Ако не е вистина тоа и имаш познавања и пракса, добре дојде Телемиту!
Добро ве најдов брате Хептаграм!(wave)