Огледало alf, тоа што го носиш во тебе, тоа ќе го видиш во телемата. Некој ќе гледа секти и зверови, некој начин да живееш и да оставиш и другите да живеат - како им е волја.Па така Abraxas,гледаш дека немаше потреба од толку негирања дека не е секта вашата група.секој ќе си разбере како што сватил,за едни ќе биде религија,за други не,за некој секта за други не,битно сите да допрат до својата неискажлива вистина правејќи што им е волја.
И не мора толку големо натегање околу тоа докажување дали сте или не сте секташи,ако во иднина се ословуваат така,треба да се гордеете со тоа,зошто само малкумина имаат таква храброст да ја спремат душата за смртта,и со неа да се соединат,сите други ги затекнува неспремни.Вистински ѕверови за својата душа.
Не за џабе и вашиот пророк како ѕвер е ословуван во книгите.
Нова религија на повидок,оние умирачки богови им доде крајот сега се на ред ѕверови.
Вистината сите да си ја најдат и според неа да живеат,ако нешто живо остане во нив.
Еве уште еден извадок од постот кој ти го препорачав:
Кога врзано куче ќе го ослободиш од синџирот после подолго време, тоа по дифолт почнува да трча иако никој не го приморал на тоа. Така и оној што смислата на своето постоење ја гледа само преку дозволи и забрани – оној што мора да биде тепан и врзан за да не излезе од контрола, во ситуација кога ќе му кажат прави што ти е Волја, тоа го гледа како заповед да ги прави токму оние нешта кои ги потиснувал и му биле забранети.
Дека ритуалите на ОТО содржат сексуална симболика е факт, но тврдењата дека таа симболика е всушност практикување на хомосексуалност, оргии....и што уште не, е обична дрска лага, ништо повеќе. Тоа е во директна контрадикција и спротивност со законот на телема - "Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот закон". Доколку би постоеле ритуали и пракси со одредена сексуална инволвираност која би била задолжителна, тогаш тоа би било кршење на волјата на оние што не се пронаоѓаат во таквиот сексуален чин.