Спорот кој Грција го има со нашето уставно име!

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Дали би прифатиле промена на уставното име на Република Македонија за влез во ЕУ и НАТО?

  • Да, би прифатил промена на уставното име

  • Не, треба да го сочуваме уставното име


Резултатите се видливи откако ќе гласате.

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Референдум ќе бојкотирале некои.

Па ок и јас ќе бојкотирам, не ради друго пошто неам излезено на ниту едни избори, референдуми или слични ситуации од таков вид па сега да кршам традиција не е добро :)

А околу името, подобро да не пишувам колку ми е сеедно, заедно со многу други работи поврзани со ентитетот РМ.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Ај овие неукиве кои крпат крај со крај, прелажани со некаков си квази патриотизам сервиран од неофашизмов половично ќе сфатам, ама најинтересни ми се една новокомпонована багра тазе дијаспорци, тро ухлебени од странЦки капитал (читај мажени за странец/добиена дозвола за работа во немачка) да ми продаваат етика и морал за тоа како да си ја сакам државата додека една третина тука се козат за минималец со по 6 работни дена без ниеден празник.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky, Outrider and Y1K991

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
heheheh pa i spor bese, so decenii go razvlekovme, da se nasalime malce

Мислам, името навистина не беше главниот проблем, има местенца што се викаат Македонија по светов, па Грција нема никаков спор со нив. Нашиот проблем е што идентитетот ни беше и е позбунувачки и од оној на 14 годишник што се идентификува ко небинарна, пансексуална верверичка. Наш е Аристотел, ама наши се и Кирил и Методиј, наши се Филе и Ацко, ама и Самуил. Им се даде многу плодна почва на соседиве за да си го тераат мајтапот со нас. Не може да ги сакаш убавите работи од секаде. Секој херој е наш, ама тие лошите ќе ги кажеме само предавници и нека им ги на соседите.
Оно не и дека денешниве Грци се па некои антички и потомци на Хелените, ама тоа е сосема друга тема.
Битно после Спасе од Виница ти го ремети раатот по социјални мрежи без да знае дека ВМРО не е и ДПМНЕ, што е глаголица и Александрија не е само вино.

Мене ми е мило што ова е конечно зад нас. Само уште да почнат позитивните промени, ама некако слабо. Изгледа не ќе да било само името што ги спречуваше нашиве способни политичари да направат да тргнеме напред.