1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Споделување и дарежливост

Дискусија во форумот 'Здравје и состојба на духот' започната од Marick14, 15 јули 2012.

  1. Мирче_мкД

    Мирче_мкД Истакнат Член

    Зачленет на:
    25 јуни 2012
    Мислења:
    173
    Допаѓања:
    121
    Па зависи, иако сметам дека не сум од оние хуманите. Кога ќе ми дојде циган на врата , човек од 30-40 години и ми се жали дека нема пари не му давам. Способен е за работа па нека се снаоѓа. Не друго, ќе им понудиш јадење па и не ти го сака.. ако е така ајде фаќај патот.
    Пари за овие болниве на тв шо ги рекламираат немам дадено, зашто и јас самиот не сум под плата, а и така џепарлакот не ми е многу голем. Онака само во школо шо имало некоја акција сум давал.
    Во случај на улица да му треба на некој помош секогаш помагам ако не се брзам, дали да се бутне кола, да се растовари некоја приколка, да се покаже насока и такви ситници.
     
  2. freak

    freak Староседелец

    Зачленет на:
    18 јуни 2012
    Мислења:
    190
    Допаѓања:
    120
    Пмагам колку што можам повеќе. Најчесто помагам на семејството и другарките нормално. Инаку ако на некој му треба помош срцето ми е отворено. За донации дознавам од Тв или од интернети донирам колку што сум во можност. :)
     
  3. Podem

    Podem Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    360
    Допаѓања:
    356
    [​IMG]


    Дали споделувате? Што денес последно поделивте,дониравте, подаривте некому? Што најчесто правите со вашите стари работи или она што не ви треба? Облека која повеќе не ви чини, мобилен телефон кој не го користите воопшто,храна, додатоци,бела техника,пари, било што? Дали најчесто завршува кај вас во подрум,или пак често пати ја поклонувате облеката? Дали мобилниот по секоја цена гледате да го дадете на реклама5 или пак го донирате некому кој знаете дека нема или користи ептен антички модел? Дали финансиски помагате на луѓето?
    Убаво е да споделите.Споделувањето е радост, а верувам дека секому ќе му се допадне.Вистинско споделување е кога давате во име на грижата за другите,а не кога очекувате аплауз,фалби и ласкање за тоа што сте го поделиле,или контра услуга за истото.Тоа се нарекува кредитирање и спаѓа во лихварство.
    Можете во секој момент да споделите нешто и да направите некого среќен.Споделување е убав збор,посакување пријатен ден,споделување насмевка,направете го секојден да биде исполнет со нешто.Да се посади дрво кое дава плод и минувачи би кинеле од него, е споделување.Да се полее цвеќе е споделување,наместо застоената вода од бокалот да ја истурите во умивалникот.Да се остават трошките на тераса за птици,е исто споделување.Го има во разни сегменти,битна е само желбата.

    Што споделивте вие денес?

    [​IMG]



    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Luckky, Aristokrat, Outrider и уште 2 други им се допаѓа ова.
  4. parvati

    parvati Сангвиник

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    6,697
    Допаѓања:
    13,878
    Споделују осмех сс џипсизз фром д паркинг брат и по некој динар пет, десет, кд падне јака заебанција
    знам за пет године израснасфа деца на паркинг, такој шеринг смајл и мани, мани фор натинг чикс фор фри од дајр стејрз трака : )
    на јутуб гу има : )]
    и осмех и муабет е довољан за деца што раснеф по улице
     
    На Podem му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Scars

    Scars Староседелец

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    2,227
    Допаѓања:
    3,541
    Споделувам и тоа многу. Сакам кога можам да помогнам,крводарител сум и голем хуманист,бидејќи ете не можам да гледам некој како се мачи.Би си скратила и едно кафе за да му помогнам на некој т.е ми се има случено :rolleyes:
     
    На Podem му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Prashina

    Prashina Староседелец

    Зачленет на:
    28 јуни 2013
    Мислења:
    1,327
    Допаѓања:
    3,015
    Подарувам многу на луѓе на кои мислам дека им треба како и на луѓе ги чувствувам блиски. Тоа го правам поради себе затоа што убаво се чувствувам кога нешто ќе подарам. Облеката и чевлите кои не ги носам порано ја давав во најблиската црква каде има народна кујна и лугето да си земаат што им треба. Но во поскоро време не ја примаат и ја подарувам на Ромите кои просат. Имам давано и во Домот за деца, но поодамна.
    Скоро секој празник подарувам зготвено јадење на една стара жена која живее сама и нема никој. А пари давам на секој што проси кога се шетам сама, а кога не сум сама обично на сопатниците им смета и реагираат. На зимо обично повеќе подарувам зашто зимите се тешки за преживување на сите.
    Сакам да купувам убави поклони на блиските околу мене зашто сакам да им ги видам среќни лицата. Секогаш повеке подарувам на другите одколку што трошам за себе, што не е многу практична работа. Можеби се кријат во длабочина многу психолошки моменти, но како што велат раката што дава не се суши....
    Денес на пр сендвичот кој не го изедов го дадов на едно дете на семафор. Малку можеби но за некој е многу.
     
    На Photographer, parvati, Podem и уште 1 член му се допаѓа ова.
  7. The Tramp

    The Tramp Филмохолик

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,367
    Допаѓања:
    4,942
    Темава беше тема на натпреварот за есеј по англиски пред некоја година. :zelen
     
  8. Electra

    Electra Неонка
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    2,048
    Допаѓања:
    6,666
    Ја споив темата со веќе постоечката, и го сменив насловот на македонски, се надевам не е проблем.

    Инаку ова е дел од емоционалната интелигенција на човекот. Емпатија т.е. соживување со туѓата ситуација мене ми се случува доста често.
    Едноставно не можам да го игнорирам фактот дека некому му недостига нешто. Секогаш кога ќе видам просјак, а имам пари при рака, без двоумење давам.
    Општо сум таква личност, уживам да почестам некого, тоа ми е ко некој вид на почит спрема личноста, ко благодарност што ги имам во животов.
    Последно што направив, ги собрав сите алишта кои веќе не ги носам и не ми се таман, и ги дадов на две личности за кои знам дека им беа потребни.
    Аплаузи, медаљи и пофалници не ми требаат. Правам нешто што секој би требало да го прави, не смислувам квантна физика.
    Еднаш бев сведок на ситуација кога бивша другарка се излаја пред сите присутни како на неа не ѝ било таман фустанчето, па го дала на посиромашново девојче (кое во моментот баш тоа фустанче го носеше), и тој поглед беше еден од најболните и најзасрамените кои ги имам видено. Од тој момент се грозам и од самата помисла да спомнам такво нешто, а не пак да барам признание за својата „великодушност“.
     
    На Podem му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Podem

    Podem Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    360
    Допаѓања:
    356

    Тоа е таа ситуација која јас ја нарекувам лихварство.Односно поклонување со камата.Споделувањето е подобро да биде што потајно и помалку да се знае.Кога едната рака ќе даде другата да не знае.Е тоа е вистинско споделување,затоа што човек споделува за да направи некого среќен,а не да прими аплауз,или подобро кажано,давање со камата.
     
  10. steppenwolf

    steppenwolf Староседелец

    Зачленет на:
    12 декември 2012
    Мислења:
    335
    Допаѓања:
    489
    Денес му дадов цигара на другарот. :cool:
     

Сподели: