Вчера симнував торент, за прв пат, со BitLord. После пробав да ги отворам видеата, немав соодветна програма. Па ајде симнав QuickTime; во ред беше се. Денес го приклучувам компјутерот - ми се појавува: "NTLDR is missing. Press any key to restart". Прв пат ми се појавува „чудово“. Не знаев што да правам, па го преинсталирав Windows-от. Откако го средив, видов дека се избришал BitLord. Го симнав пак, и пуштив да се симнат видеата што ми останаа. Пак симнав QuickTime, се одново... Го исклучив компјутерот. После некое време го приклучувам пак, и пак истата порака: "NTLDR is missing. Press any key to restart".
Само што успеав да го вратам компјутеров во нормала... Цел ден се мафтам со цедиња.
Знае ли некој зошто ми се појавува таа порака? Дали можеби имало вируси во торентот? Или пак QuickTime е тој кој ми прави проблеми? Или пак нешто друго е во прашање?
Помагајте компјутерџии, очајна сум
Страв ми е да симнам плеер и да пробам да ги отворам видеата пак