Море јок. Порано кога беше мирц, мсн ово оно, со другарка ги намамувавме да чекаат негде, само за да ги гледаме и да се кикотиме. Дечишта. Ќе им плесневме некој глуп знак за распознавање демек. Лоши бевме. Еден го начекавме тежок ропак, а загорен, па го натеравме маицата во пантолони да ја стави и да стави качкет, демек ко рапер повеќе ќе сме го сакале.
Абе зајдовме кога видовме едно типче пола метар од земја, црно, суво како се туфка наоколу со тој стајлинг.
Два-три пати се пружи по други девојчиња кои одеа по 2, мислејќи дека сме ние, ама овие само го отераа у пм.
Се откажа на крај. Што ќе прави...
Пред недела дена пак, седиме кај мене на тераса со другаркиве, и и’ врти другар на другаркава, во Битола бил ово, оно и вика да ви дадам еден другар од тука да се чуете со него. И ајде оваа збори, а ние се кикотиме ко дечиња.
Се слуша од таму: Алооо, чупина, шо прајте? Овде Живе, како сте ми?
Абе едно гласче смешно, умревме.
И после некој ден дошол Живе кај нас во град и се запознал со другаркава.
Ко ни го опиша, до гради и’ бил „висок“, со зејтин шишка, туширал на велико при зборење и секој трет кажан муабет му бил
„Морееј брат, шо јаки пичина имате овде. Да ми се наместит некоја.“ И гледал во другаркава притоа.
Си ја чурнала оваа колку што ја држат нозе. Дојде целата испотресена после.
Е од такви случаеви, ја не би, па што сака нека биде, макар форевр алоун била.
Оти многу ломотам, ќе му се изругам тука на дечкото, ќе ми излета што не треба, па грев ќе ми е после.
Сигурно си е сигурно.