Снаи и свекрви

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Пошто еден период бевме во различни градови со дечко ми, недела дена или тој седеше кај мене или јас кај него. Мајка му ја знаев и пред тоа, и се си мислев колкава среќа имам што ќе ја имам за свекрва.
Кога почнав да спијам кај него првите неколку пати беше се супер, не дозволуваше ни да се мрднам од место да и помогнам, демек јас гостин треба да уживам.. После неколку доаѓања, женава почна да станува нервозна, се јавуваше по 30 пати на ден(пошто ние на друг спрат)дали имало нешто за миење, дали било фрлено ѓубрето, дали било лувтирано.. Се смени за 360 степени. Не можев веќе ни да седам со нејзе без да ми се жали како биле сега шворц едвај крај со крај сврзувале(исто како да ми рекла уште ти ми фалиш тука) не можела да престигне да чисти по сите, како некој да ја терал да чисти по мене, а еднаш ми рече па ти кога си тука задимено доле а мене ме нервира. А јас не ни пушам, а нормално дека не можам на ќерка и и на син и да им речам немој да пушиш во своја куќа. Кога ќе искочевме нормално се спремаш правиш мал неред(кој подоцна ќе си го исчистиш нели). Доаѓаме, а она нервозна и трие со некои крпчиња по маса.. Ми ги средувала алиштата у куфер(кој бил затворен). Па дали таа жена е нормална и дали некој ќе може да се сложува со неа?
 

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Прво што треба да разберете е дека менување за 360 степени, всушност не е менување. Think a little.

Второ, Хоуп, ти имаш напревено грешка што на некој начин си се укотвила таму.
Жената не сакала ти да чистиш, ама кога веќе зачестиле твоите екскурзии таму, ред е да фатиш нешто.
Друга работа, ти седиш таму по цела недела па и повеќе. Пример кај мене дома да седи туѓ човек (да, ти си туѓа за нив) исто после некои време би почнала да се чувствува негативна енергија.
Почни од тоа дека домот е нешто интимно, дека со човек од страна се пореметува ритамот, и едноставно луѓето не можат да си направат муабет за што и да било.
Продолжи кон тоа дека уште една уста за хранење на денешницава не е малку.
Муабетот ми е, ако веќе си решила да седиш таму, придонеси со нешто, зачисти, зготви ручек, направи нешто благо, што било.
Немој само со муабетите дека не си дома за така да правиш, затоа што штом седиш таму со денови...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and Mila Kunis

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Види, јас не сум отишла кај нејзе, она си има друг спрат, си живеат оделно и оделно си трошат и јадат. Значи никој не и се клапнал таму нејзе па да чекам она да ме храни или да ми чисти. Тоа што не спомнав дека не сум правела ништо не мора да значи дека јас таму лежам и ја нервирам нејзе. Сакав само да кажам каква беше на почеток, а каква сега. : ) Нормално дека не би си дозволила да седам толку време доколку е таква ситуација. Јас никакво ред не им пореметувам нив дома, тие си се сами пак.. Јас сум на друг дел што нема врска со нејзе. И немаат никаква уста плус за хранење, они си јадат доле ние горе.. Едиснтвено што потрошила на мене е едно кафе. : )
 

Самовила

Полноправен Член
6 април 2013
48
33
18
страшно таа мојата е еден лицемерен рептил исполнет со низа глупости што ми дојде преку глава и и покажав каде и е местото ,но џабе таа си има слобода од мм.Нормално потоа си се диви на себе си....Многу е важно да се има поткрепа,а мојот не се осудува да и противречи и пред мене е добро а пред неа ОК мамо и тоа е тоа и има многу вакви случаеви па затоа секогаш велам:'' ако неможеш да ја бутнеш карпата заобиколија''...и нека си уживаат,па затоа на памет не ги ставам(бар се трудам:rolleyes:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci

Fashion.Lover

Староседелец
19 февруари 2015
297
83
628
New York,New York
Настрана да го оставиме медениот месец, ние си неговите родители не живееме заедно, ама неговите родители се прекрасни. Не реагираа бурно кога ме запознале и кога дознале дека нивниот син, односно маж ми е во врска со некоја која не е Данкиња, односно со мене. Ми се допаѓа тоа што не се националисти, модерни се, не се мешаат како во Македонија и можеби на Балканот . Имам голема среќа што немам покрај себе мамина маза.
 
Последна промена:

rain-bow

Истакнат Член
21 ноември 2014
174
79
338
Сега за сега убаво се сложуваме и не можам ништо лошо да кажам за неа. А како ќе биде ќе видиме после свадба со оглед на тоа дека на почеток ќе живееме заедно. Спротивни мислења нормално дека секогаш има и ќе има секаде, не може да биде совршено, не само со свекрв туку општо во животот, така да тие некои ситници, како што е мислења, вкусови и слично не ни ставам при срце. Сепак тука е и разлика во години...Во ралично време сме растеле....Во глобала се е супер.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Види, јас не сум отишла кај нејзе, она си има друг спрат, си живеат оделно и оделно си трошат и јадат. Значи никој не и се клапнал таму нејзе па да чекам она да ме храни или да ми чисти. Тоа што не спомнав дека не сум правела ништо не мора да значи дека јас таму лежам и ја нервирам нејзе. Сакав само да кажам каква беше на почеток, а каква сега. : ) Нормално дека не би си дозволила да седам толку време доколку е таква ситуација. Јас никакво ред не им пореметувам нив дома, тие си се сами пак.. Јас сум на друг дел што нема врска со нејзе. И немаат никаква уста плус за хранење, они си јадат доле ние горе.. Едиснтвено што потрошила на мене е едно кафе. : )
Prvo,treba da se razgranicat terminite "svekrva" i "potencijalna idna svekrva".
Kako i vo sekoja covecka relacija,pocetocite,zapoznavanjeto i ponatamosniot tek ne se isti.
Ne samo drugite,i nie ne sme isti.Napravete si samoanaliza i ke vidite.

Ne sakam da se mesam so pretpostavki dali hrabela taa necija usta ili ne,kraj kraeva ako nekoj drug i go "hrani"sinot edna nedela,ako sinot toa go dozvoluva,togas po nekoe nepisano pravilo nema bunis.
Tuka ne e kriva svekrvata,tuku samiot sin sto ne i se sprotivstavi uste na start da si kaze deka taa nikogo na "hrani".
Dokolku pak ne ste rabotele vo toj period,mozebi sakala da ukaze deka treba da se fatite za rabota.Mozebi.

Ne se ipteretuvajte so "idnite"svekrvi,ima vreme za koga ke go pravite toa so niv.
Zatoa sum protiv odenje po doma na deckovcite i pienje kafinja mafnja so nivnite majki.
Neka sum ne kulturna no nemam sto da pijam kafinja so niv.
Drzenje distanca so vreme e najdobroto resenie za izbegnuvanje na nepotrebni problemi.
 

emgy5

Истакнат Член
1 ноември 2016
3
2
103
35
Најпрвин здраво на сите. Нова сум на форумов, иако долго време го посетувам. Сум разгледала повеќе од темите, се изначитав се и сешто, но решив првиот мој коментар или мислење, да го оставам тука, со оглед на тоа како се одвиваат настаните во мојот приватен живот...
Имам 27 години, пред неколку месеци стапив во брак...Оттогаш живеам во заедница со мажот ми , мајка му и брат му.
Со свекрвата односите ни се баш онака, ладни...дури да кажам и премногу вештачки...Пред некој ден, доаѓа девер ми од факултет( иначе со него си имаме супер однос и многу си се сакаме и почитуваме) и седнавме да пиеме кафе , така уз муабет...Си разговараме нешто безвезе и тој ме прашува :
-Еми, да не се скара нешто со мајка ми?
Јас баш се зачудив на тоа прашање, и му реков дека нема такво нешто....Ме праша дали сум сигурна и му одговорив секако дека сум, не би лажела ако има нешто..
Го прашав зошто ме прашува тоа , бидејќи никогаш, ни додека бев во врска со брат му, ни откако стапивме во брак, не му текнало тоа да го праша...Не сакаше да каже, нема ништо нема ништо велеше...Јас го притискав да каже што е, тој упорно вика не не ништо...
Наеднаш ми пукна филмот и му велам сигурно мајка ти нешто рекла штом си ваков...Само да дојде од работа и ќе зборам со неа...Тогаш веднаш скокна и ми вика немој те молам, нема врска со мајка ми ова, ништо не рече таа...Епа кажувај одма зошто си ваков му велам..
И ми кажа дека сонувал како се расправам со мајка му, и дека за време на расправата дури и сме се степале...Мајка му завршила на подот , а јас сум ја згазнала на лице и сум и се смеела :pos:....
Откако ми раскажа, почнав навистина толку да се смеам, бидејќи самата помисла на тоа ми е многу безвезе, а тоа што тој се исплаши ми е уште посмешно...Го позезав малку велејќи му дека се исплашил да не му ја натепам мама, па така и тој се насмеа и се орасположи...
Но, шегата на страна, таа го родила оној кој го сакам...затоа ако не друго, најмалку може да добие почит од мене..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Паметно .
Таквиот сон значи топли односи во иднина небитно со кој ,а во твојот случај ете со свекрвичето :svirka(wave)
 

emgy5

Истакнат Член
1 ноември 2016
3
2
103
35
Паметно .
Таквиот сон значи топли односи во иднина небитно со кој ,а во твојот случај ете со свекрвичето :svirka(wave)
Hahaha, i vaka e dovolno, ne ni cuvstvuvam potreba od golemo zblizhuvanje so nea, bidejki togas moze da dojde do vistinski precki i problemi :gladen:D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno