Смешни и непријатни ситуации во маркети

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
Еднаш досега се имам избрукано хахахаха оти сум џабест и само во тоа паметот и му прам на продавачката дајте ми ваучер од ЏАБЕСТ за 100ден. хахаххахаххахахахахахха насместо од ONE. Неможев да престанам да си се смеам самиот ко излегов а таја кутрата едвај се воздржа и ми вика мислиш од ONE и вика незнам дане ги сменија имињата хахаххахаха :D
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Има ситуација во некои маркети, обично од средна големина (ретко во поголеми маркети или во малски колонијали) кога рандом продавачка или продавач изигрува иритантен stalker или heat seeking missile. Да, ќе повелеме ако има потреба, аман, не ме прати и не, нема да украдам ништо.
Не се криви вработените туку мороничните `газди` на кои некогаш некој им кажал дека `муштеријата е во право` или така нешто.
Ама не сфаќаат дека се работи за самопослужување а не за угостителска услуга и дека со тоа што ги тераат вработените да трчаат по секој што ќе влезе со `повелете` или да ги пратат како манијаци низ рафтови - само ги иритираат муштериите и повеќе ќе изгубат него добијат со тоа.

Каде и да е, за 200 години ќе го сварат концептот...(smoke)
 
alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Е вака да ви кажам колку дебил сум :zelen
Ова се случи на 30 Март баш кога во исти ден играа натпревар у ЛШ Металург и Вардар а нели беме и во предизборна кампања и митинзи на секое можно место. И знам победи Металург заврши натпреварот а за еден саат почнуваше Вардар и мене ме пратија до продавница, а маалската продавница ние речи си поприлична голема и преднеа има големи скали е таму на тие скали ни беше собиралиште како деца. Јас во еуфорија затрчана и опс пред продавница еден куп народ и се збунив, прво нешто што ми помина во глава е дека некој умрел и на еден комшија во години на цел глас чичко Иван да не умрел некој дали ви се верува сите се свртија кон мене и почнаа да се смеат. А стварно немав појма дека митинг тука прават никогаш се нема десено такво нешто кај нас во маала. И почнав да се буткам низ луѓето со црвени обравчиња се качувам по скалите наведнена и опс го згазнав министерот ни за здравство и кревам глава и уште толку се збунив ни извини ни ништо си влегов во продавницата. Земам тоа што ми рекоа да купам и у меѓувреме продавачката ми кажува како имало митинг вау бау и кој све имало тука присутен дрн дрн и излегувам и сега јас стојам на најгорната скала а неколку скали министерот и го заслушав а тој упорно објаснува за легендарната ни пруга кон бугарија и нешто кажа како на шала демек вицкаст како сите со воз ке сме оделе до Ќустендил и јас како од пушка - ние од ова маало не умираме додека до Софија не отидеме со воз и до Солун со брод - така ми дојде и кажав. Настана тишина и јас се стрчав по скалите а и до дома неслушнав дали се смееја.
Ова баш не случка од продавница ама па пред продавница беше :zelen се важи:zelen
 
escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Моја случка во Кам маркет.
Како и секогаш и тој ден отидов да пазарам, требаше да купам нешто за јадење и плус брашно. Си влегов во Кам и како што беа по ред работите почнав да си ги земам стигнав и до брашното. Онака без да видам дали е во ред т.е да не е скинато си земав еден пакет си го ставив во корпата и продолжив понатаму. Од еден на друг рафт пошто они така скоро секој втор ден ја менуваа робата па додека најдам се што кај им седи ете ти еден од вработениве почна да се вртка нешто кај брашното не му обрнав нешто баш внимание и си продолжив во околината да си се шетам од рафт до рафт. После неколку минути ете ти го истиот вработен со метла во рака и почна да чисти. Па од чиста љубопотност што се истурило отидов да видам што е ама некако испаднав позади него. Видов дека е брашно ама ни на крај памет не ми текна дека тоа може е моето брашно па си продолжив понатаму. Дечково таман што исчисти без да се сврти отиде и си ја остави метлата арно ама кога се врати што да види цел маркет пак во брашно. :rofl (Фацата што ја направи цел живот ќе му ја памтам. :rofl) Ајде пак отиде ја зема метлата и почна да чисти. Чисти, чисти никако да се исчисти брашното и нормално кога цело време бев позади него :rofl застана човеков на едно место вајда да види од кај иде брашново и ја као демек паметна да се направам стигнувам до него и го прашувам: На некој брашното му се скинало? А он: Да бе, не можам да го исчистам. Му се насмевнав малку и си тргнав накај каса. Како што тргнав го слушам вика нешто по мене, застанав се свртев да видам што е, а он ми вика: Абе твоето брашно е. Јас: Моето? Онака зачудено го префрлив погледот кај брашното т.е корпата и што да видам. Пола пакет празен, цела јакна во брашно и од мене до кај што стоевме цела линија брашно. :rofl Ми се насмеа така убаво, ми го смени брашното и си се тргна, а јас цела засрамена си отидов на каса, си платив и три дена не им се појавив. :D
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel

Ова како на филм, тој чисти а ти по него му истураш. :)
Колку ќе било за смеење ако не ти кажел и ќе си им дала празен пакет на каса. :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Пред неколку години јас, мојо тогашен газда (забеган лик вкрај) и мојот помал колега одиме во Тедико.
И земавме што земавме и застанавме во колоната на каса...
До касата имаше полици со парфеми и мојов газда почна да бара нешто по нив и вика:
“А бе види кутииве сите ср празни не можам да видам како мирисаат парфемиве“ и му викам да праша на каса...
И стасавме на ред, и стаса и тој на ред ...и и’ вика на госпожата на каса:
“Абе оти ова кутииве сите празни?“
Таа дрско му враќа:
“Е па празни се ко ги крадите!“
И овој ја гледа ја гледа и и’ вика:
“А ти мори к***а си?!“
И настана моментална штама, уште музиката да престанеше ќе беше како сцена од филм...
На типкава и’ падна вилицата и цела се збуни...
“ Зошто?!“
„Е па ако се сите муштерии арамии, тогаш сите жени се курви..И сега...ти к***а си?!“
Мислам дека јас и колегата ќе умревме на место...
Типката поцрвене, се збуни, и’ падна парите, го турна пенкалото...
Го потапшавме газдата да си плати и да ја фаќаме вратата што побрзо...
Мислам дека поминаа месеци пред да влезам повторно таму...
 
escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Морам уште една случка да кажам не е моја а на мајка ми и мајка на другарка. За жал и не бев баш во тој момент таму.
Значи си решиле двете да се прошетаат и да отидат до Џамбо да ги видат играчките :D. Предходно јас и другарка ми убаво им кажавме и им објаснивме од кај се влегува во Џамбо. Арно ама они не знам како успеале да не го видат натписот и влезот, си се качиле на вториот спрат и од таму си влегле. Цел тој горен дел го прошетале се виделе и пошто нели сакаа и играчките да ги видат, а на тој дел ги нема си застанале една вработена и ја прашале: - Девојче кај е делот со играчките? :rofl:rofl Вработената онака зачудено им рекла: - Па не ги видовте кога влегувавте? А они: - Не не цела продавница ја свртевме никаде ги нема. :roflПосле неколку минутно разјаснување на работите сфатиле дека уствари имало уште еден спрат и дека тие влегле од кај што се излегува. :D