Моја случка во Кам маркет.
Како и секогаш и тој ден отидов да пазарам, требаше да купам нешто за јадење и плус брашно. Си влегов во Кам и како што беа по ред работите почнав да си ги земам стигнав и до брашното. Онака без да видам дали е во ред т.е да не е скинато си земав еден пакет си го ставив во корпата и продолжив понатаму. Од еден на друг рафт пошто они така скоро секој втор ден ја менуваа робата па додека најдам се што кај им седи ете ти еден од вработениве почна да се вртка нешто кај брашното не му обрнав нешто баш внимание и си продолжив во околината да си се шетам од рафт до рафт. После неколку минути ете ти го истиот вработен со метла во рака и почна да чисти. Па од чиста љубопотност што се истурило отидов да видам што е ама некако испаднав позади него. Видов дека е брашно ама ни на крај памет не ми текна дека тоа може е моето брашно па си продолжив понатаму. Дечково таман што исчисти без да се сврти отиде и си ја остави метлата арно ама кога се врати што да види цел маркет пак во брашно.
(Фацата што ја направи цел живот ќе му ја памтам.
) Ајде пак отиде ја зема метлата и почна да чисти. Чисти, чисти никако да се исчисти брашното и нормално кога цело време бев позади него
застана човеков на едно место вајда да види од кај иде брашново и ја као демек паметна да се направам стигнувам до него и го прашувам: На некој брашното му се скинало? А он: Да бе, не можам да го исчистам. Му се насмевнав малку и си тргнав накај каса. Како што тргнав го слушам вика нешто по мене, застанав се свртев да видам што е, а он ми вика: Абе твоето брашно е. Јас: Моето? Онака зачудено го префрлив погледот кај брашното т.е корпата и што да видам. Пола пакет празен, цела јакна во брашно и од мене до кај што стоевме цела линија брашно.
Ми се насмеа така убаво, ми го смени брашното и си се тргна, а јас цела засрамена си отидов на каса, си платив и три дена не им се појавив.