Смешни и непријатни ситуации во маркети

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,752
2,574
1,683
Han Wavel
Барав и не најдов ваква тема, што значи дека нема или сум слепец.

Инспириран од постот на @Aleksis во Денес ме насмеа, за паричките, кесите и нервозната продавачка, еве цела тема за да си кажете ако сте се нашле во слична ситуација.

Дали била смешна или непријатна од која ви дошло да пропаднете во земја, пишете си и да се смееме.

Мене не ми се случило ништо, затоа што на ваков фраер никој не смее да му рече ништо. Уствари можеби ми се случило ама не памтам, ако ми текне ќе пишам. :)
 
  • Like
Реакции: Хоуп*

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,050
6,674
1,153
Big Sur
Пред месец дена некаде, си појдов до продавница преку улица да си купам кафе.
Никаква, по тренерчиња, со соберена т.е. залижана коса, шминка јок. Си застанав така на каса, си чекам ред...кога и се насмевнав на касиерката, мислам дека девојкава гром ја удри. Една така скиселено-намуртена фаца направи, се стегна, а мене прво ме фати еден срам, па после во себе си викам: Е, да мори, ти лепотица да не си нешминкана?
И кога дојдов дома сфатив дека претходно грицкав недосушени нокти и имам црн лак на забот и делувам ко некој да ми го поткршил. (facepalm)
Мислам дека сега девојката ме знае од километар и внуците ќе ги плаши со приказни за мене. (worried)
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,353
3,846
1,153
Пред две и нешто години во продавница да си купиш чоколино, продавачката ти вика „малото почна да јаде и вакви работи?“ а ти вол 30 годишен и 100 килаш низ заби ѝ викаш „За мене“....
 
Последна промена:

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,441
2,540
1,133
Си влегов јас во Веро со намера да купам замрзнато тесто за пица, кој ѓавол ме натера тој ден домаќинка да изигравам.
Наместо две теста во пакување јас сум земала од оние пакувања со по едно тесто. И тоа го забележав на каса. Направив една невина фаца, и некоја глупа насмевка и ги замолив оние зад мене во редот да почекаат да земам уште едно тесто. :facepalm2
Некако со мумлање и скиснати фаци пропратени со превраќање очи зашо ептен беше гужва ми дозволија, и трчајќи од еден фрижидер до друг целата засрамена и испаничена најдов уште едно тесто и конечно стигнав на каса.
Додека плаќав уште еднаш се извинив и засрамена од гужвата што ја направив си се собрав да си одам. Зјапав во новчаникот демек си местам кусур, зашто неможев да погледнам лево-десно од срам. Мислам дека сите ме пцуеја од мојот ред, и сите ме гледаа ко којзнае какво злодело да направив.
Сакајќи што побрзо да излезам од маркетот направив глупост. Наместо од вратата кај што се излегува се лупнав во вратата каде што се влегува. Ама она лупање буквално, смачкав тоа тестата арно јајца што немав купено. Давање еден поглед назад, луѓево што ме виделе ми се смеат. (worried)Праење уште една глупа насмевка (демек на моја сметка (facepalm)) и шпринт накај дома. Како врв на сето тоа, пак излегов од таа врата каде што се влегува, се избуткав со еден човек кој влегуваше во тој момент. Кој идиот.
Си поплакав дома малку ептен бев засрамена, и плус имаше една девојка во маркетот што ме познава ама сега ми е смешно.
Сум имала милион вакви awkward ситуации, ама на оваа ми текна прво.
 
Што не му рече на тој што влегувал, каде одиш бе луд. :patos
 
  • Like
Реакции: 84 sk_Y ^_-

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Играв дота, и додека отчукуваше времето кога повторно ќе се оживеам и да не ме фати afk состојба и кикнат, трчав до продавница да земам нешто благо, бидејќи немав сила веќе да кликам на маусот. Брзав.... брзав и само брзав, кога влегов внатре пред мене стоеше жена, па можеби жива мера еден тон и фино лепо кружев низ цел маркет (2 редици беа) за да стигнам до чоколадната бисквита, нанервиран премногу дури и ја колнев, з'страмота за машко. И како што бев затрчан накај дома, пошто имам око соколово, го загледав пит булот пуштен на улица од комшиите (шлакнати се) и фатив не видов заобиколив едно 2-3 улички за да си влезам дома од долната улица. Кога си влегов дома, очекував само да бидам кикнат од играта, арно ама и компјутерот автоматски се исклучил.

Да ти еам и чоколадна бисквита и се'!
 
  • Like
Реакции: Altaïr

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
789
1,103
хахаа ми текна од пред некоја недела, бараме со другарка млад кромид
И влегувам ја , во кој знае кој муд бев само на шали ми маваше умот па и кога сум со неа само глупости трескање
јас- Здраво
Продавачката-Здраво
Јас (покажувајќи накај гајбата со кромид) - Кромид?
Таа - Да
Јас -Млад кромид ?
Таа-Да
Јас- Бонд ?
Таа - Да
Јас-Јејмс Бонд ?
Таа - Да хаха
Морав некако да се извадам поради Кромид , млад кромид :facepalm2
мејд мај деј хахахах :D
 
Метаморф

Истакнат Член
5 декември 2014
300
336
173
24
Зошто постојат трафики...
Пред месец дена ги чекам моиве пред супермаркет да слезат од кај тетка ми од зграда едно 10 минути,шо ќе правам,влевам у супермаркетов,се вртам по рафтовите исто 10 минути за на крајот да чекам на каса уште 10 минути,цела редица сите со по 50 евра пазарлак,за јас сиротиот да земам пакетче орбит од 25 денара и никогаш да не влезам пак!