Е само не се сложувам што ете велиш дека има два типа силеџии и кукавици.Не е точно.
Се зависи од карактер.Некој иако така му прават со тоа не ослабува/омекнува туку напротив станува по јак.И кога ќе видиш животот е борба уште од самото наше раѓање.
Што се вели се мачиш да излезеш на свет.Се мачиш да проодиш.Се мачиш да стануваш рано за во градинка.Се мачиш да носиш ранец и блок број 5 во прво одделение.
Цел живот е мака.За да биде уште позачинета маката се појавуваат такви пречки низ кои ама баш секој треба да ги помине.Баш на тие пречки човекот си ги осознава неговите граници како и неговата физичка и пред се умствена способност.
Никогаш на било каква пречка не треба да се откажуваме туку треба да стиснеме заби и да го даваме максимумот од себе, не само еден ден, туку секој ден од будење па до легнување.
Не реков кукавици, туку деца со уништена самодоверба, НО, излегуваат и кукавици. Впрочем излегуваат разни видови на луѓе, бидејќи сепак немаме сите исто детство со исти случки. Некои имаат подобро детство, некои каде-каде полошо од било што што јас и ти сме го проживеале.
Само претпоставувам се обидов да ги генерализирам во 4 групи: силеџии (кои едвај трпеа нешто, па дури и од нивните родители/старатели), деца со мала самодоверба (како резултат од малтретирање), тие кои не обрнувале внимание и ги игнорирале силеџиите и убавите девојчиња (кои ги сместувам во посебна група бидејќи тие (според мое мислење) мораа да ги претрпуваат само момчињата кои пробуваа да им го освојат срцето, или просто кажано: мување).
Но, во право си. Има деца кои покрај тоа што се многу мали се способни да истрпат, апритоа да бидат во ред, без никакви "лузни", да научат и да станат посилни. И алал да им е на тие деца; да продолжат така и да растат правилно, па да видиме повеќе такви деца.
Сега за сега сметам дека ги нема многу.