Сите силеџии што ги знаев станаа и останаа пропалици, гребатори за едно пиво некој да ги чести пред маалската продавничка и не знаат посложен муабет од стринско оговарање газови и цицки да удрат, евентуално за партија или колку се препиле викендот.
Пред некој ден видов оддалеку еден од најмирните школски што ги имаше во клас и се сеќавам како детево, бидејќи беше поситно и мирно, па го тртеа на клупа, му спуштаа панталони и си „играа“ Мастеркард со него така што ќе му пројдеа со тетратка кај задникот.
Знам дека вака можеби звучи смешно, но само ако си се сложил и на зафрканција правите со друштво такви глупости. Вака не можам ни да замислам каква несамодоверба му створило тоа.
За жал, во класот имавме повеќе силеџии отколку океј деца, па секогаш кога ќе се обидевме да одбраниме некој, бевме наредната мета на идиотите.
Немаше посреќно дете од мене кога се откачив од тие ликови.
Имаше 2-3 и во средно, ама го јадеа од поголеми риби.