Кај отиде долгото мислење?
Во врска со батката кој што го пиша тоа мислење, се сложувам целосно со твоето мислење и можам да ти кажам браво затоа што во многу убаво светло, јасно и прецизно кажа се што бара оваа тема.
Е само не се сложувам што ете велиш дека има два типа силеџии и кукавици.Не е точно.
Се зависи од карактер.Некој иако така му прават со тоа не ослабува/омекнува туку напротив станува по јак.И кога ќе видиш животот е борба уште од самото наше раѓање.
Што се вели се мачиш да излезеш на свет.Се мачиш да проодиш.Се мачиш да стануваш рано за во градинка.Се мачиш да носиш ранец и блок број 5 во прво одделение.
Цел живот е мака.За да биде уште позачинета маката се појавуваат такви пречки низ кои ама баш секој треба да ги помине.Баш на тие пречки човекот си ги осознава неговите граници како и неговата физичка и пред се умствена способност.
Никогаш на било каква пречка не треба да се откажуваме туку треба да стиснеме заби и да го даваме максимумот од себе, не само еден ден, туку секој ден од будење па до легнување.
Назад на тема затоа што забегав

Како мал многу ме малтретираа, ама многу.Заедно со моите најдобри другари со кои што уште од тогаш се дружев.Сум земал пари од дома затоа што ми бараа сок и 2 кутии цигари да им купам со 100 денари и да им вратам 50 денари.Ама ако.
Никогаш не им направив проблем.Ама и никогаш не се надевав на нив за ништо како што некој пиша дека демек грб ќе ми биде.
На таквите им се виде крајот, половината се сеуште на вена, некои ситни крадци, крупни крадци, дилери, лихвари и останати пропалици.
Тие ништо во животот не постигнале.Тие никогаш не фрлиле камен 5 години нанапред во животот, камоли 10 години напред.
За разлика од мене и воопшто сите што го јаделе тој стап и останале упорни.Погледнете се и кажете што сте направиле во животот.Па сигурно повеќе од тие неартикулирани бараби
Исто така кога сме веќе тука ми текна интересна случка.Човек, повозрасен 2 генерации од мене.Како мал го имаат тепано секој ден во подрум.Зашто? Ете така од мерак плус го „челичеле“.
Сите мислевме дека баткава ќе стане карактер човек.Тој, на негови 24 години ги собира децата од зграда и околина ги бута во подрум и ги млати.
Му останало комплекс, психичка аномалија или не знам како да го кажам тоа не сум стручен.
Тоа е најлошата можна варијанта.Да правиш нешто што тебе ти правеле и тоа да биде лошо.