Силеџии (bullies)

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Е само не се сложувам што ете велиш дека има два типа силеџии и кукавици.Не е точно.
Се зависи од карактер.Некој иако така му прават со тоа не ослабува/омекнува туку напротив станува по јак.И кога ќе видиш животот е борба уште од самото наше раѓање.
Што се вели се мачиш да излезеш на свет.Се мачиш да проодиш.Се мачиш да стануваш рано за во градинка.Се мачиш да носиш ранец и блок број 5 во прво одделение.
Цел живот е мака.За да биде уште позачинета маката се појавуваат такви пречки низ кои ама баш секој треба да ги помине.Баш на тие пречки човекот си ги осознава неговите граници како и неговата физичка и пред се умствена способност.
Никогаш на било каква пречка не треба да се откажуваме туку треба да стиснеме заби и да го даваме максимумот од себе, не само еден ден, туку секој ден од будење па до легнување.

Не реков кукавици, туку деца со уништена самодоверба, НО, излегуваат и кукавици. Впрочем излегуваат разни видови на луѓе, бидејќи сепак немаме сите исто детство со исти случки. Некои имаат подобро детство, некои каде-каде полошо од било што што јас и ти сме го проживеале.
Само претпоставувам се обидов да ги генерализирам во 4 групи: силеџии (кои едвај трпеа нешто, па дури и од нивните родители/старатели), деца со мала самодоверба (како резултат од малтретирање), тие кои не обрнувале внимание и ги игнорирале силеџиите и убавите девојчиња (кои ги сместувам во посебна група бидејќи тие (според мое мислење) мораа да ги претрпуваат само момчињата кои пробуваа да им го освојат срцето, или просто кажано: мување).

Но, во право си. Има деца кои покрај тоа што се многу мали се способни да истрпат, апритоа да бидат во ред, без никакви "лузни", да научат и да станат посилни. И алал да им е на тие деца; да продолжат така и да растат правилно, па да видиме повеќе такви деца.

Сега за сега сметам дека ги нема многу.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Шмекси and LMFAO

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Прочитав погоре дека луѓето што биле малтретирани или имале несреќно детство стануваат силеџии. Врска нема.
Значи Петко имал несреќно детство и одма е склон да стане силеџија, убиец, педофил или силувач. Не е така...
Силеџии се најчесто оние на кои во животот се им било пружено, дури и отповеќе, па мислат дека цел свет треба да се согласува со неговото мислење и да го слуша како што правеле мама и тато цел живот. Тие не знаат дека постои свет каде има рамноправност, не се запознаени со туѓи мислења, мислат дека како дома така секаде. И кога нешто не оди како што одело секогаш-по негово тогаш ако неќе милум силум.
А оние мамини синчиња, уште со мрсулите до уста малтретираат животни и стари лица не малтретираат зошто дома јадат ќотек или доживуваат трауми, него зошто на 10 години уште кола што не зеле да возат. Се им е проживеано и достапно, па едиснтвено задоволство им станува болката на другите луѓе. И така се калеше челикот...
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Послабиот секогаш се брани вербално, затоа што нема доволно храброст да му се спротистави во "неговата игра". ;)
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Употребата на погрдни зборови е одраз на слабост(немок)на личноста што ги корист неможејки соодветно да се спротивстави.
Недоволна самоконтрола.
Имаме доста такви примери и низ форумов.
Таквите личности дури се однесуваат како да се горди на самите себе си кога се изразуваат со такви изрази.
Јас силеџиите ги сметам за прости, нецивилизирани, невоспитани луѓе. Секако, сум влегол во конфликт ама вербално, а да се тепам НЕ и никогаш нема себеси да си дозволам такво нешто.
Силеџиството не постои само во физичи размери.
И во вербалното изразување постојат изрази кои се скоро соодветни со физичкото насилство.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

mspasenoski

Староседелец
19 февруари 2013
442
701
1,103
36
Карпош - Влае
Силеџија. Да тоа е човек кој се иживува во другите. Сака да стекне почит од другите, а не сваќаат дека тркалото се врти. Човек колку и да трпи, 1, 2, 3 години насилство и од добриот ќе искочи ѕверот, едноставно тоа веќе е неможно да се трпи, ќе се соочи со силеџијата и ќе завршиш со него или ќе се предадеш и ќе западнеш во депресија и е спремен да си го одземе животот бидејќи тоа не може повеќе да го издржи . Има една мисла Ако си волк секој ќе бега од тебе (секако и за тоа треба време, човек се кали). Да повеќето кои се малтертирани стануваат такви, но има и такви кои и покрај тие ситуации остануваат при себе само треба цврсто да стоиш на земја и тоа не може да трае вечно, на све му доаѓа крај .
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Силеџиите се појава која за жал нема да исчезне низ генерациите. И само можат да се намалуваат, но не можат да исчезнат. Досега не сум се осмелил да малтретирам некого било на кој начин, иако јас сум го доживувал истото.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Силеџиите се појава која за жал нема да исчезне низ генерациите. И само можат да се намалуваат, но не можат да исчезнат. Досега не сум се осмелил да малтретирам некого било на кој начин, иако јас сум го доживувал истото.
Како ти се справи со нив?
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Како ти се справи со нив?
На почетокот ги игнорирав. Потоа се пожалив кај соодветни лица( психолог и педагог, бидејќи на училиште беше тоа) и секако кај родителите. За среќа проблемот брзо се реши бидејќи се' уште не беше прераснат во тоа што не сакав да верувам дека ќе прерасне.
Само да напоменам дека се работеше за психичко малтретирање.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
На почетокот ги игнорирав. Потоа се пожалив кај соодветни лица( психолог и педагог, бидејќи на училиште беше тоа) и секако кај родителите. За среќа проблемот брзо се реши бидејќи се' уште не беше прераснат во тоа што не сакав да верувам дека ќе прерасне.
Само да напоменам дека се работеше за психичко малтретирање.
А ако не се решеше брзо и продолжеа по старо што ќе направеше?