Семејно насилство

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Знаеш како... Еден мој пријател викаше `Не дај Боже да си им во кожата`...
Ние гледаме отстрана, ама не знаеме што мисли таа, што чувствува, што преживува, можеби стравот од неизвесноста и од иднината е поголем од стравот од него конкретно...
И мене не ми влегува во глава како можат да го поминуваат тоа, таа тортура и тоа со години и сепак да останат со таков човек (ако може да се нарече човек)...
Можеби и` се заканува дека ќе ги повреди децата или некој друг нејзин близок... Можеби нема кај да оди...
Можеби е уценувана...
Зашто жртвите и тогаш кога ќе прозборат, никогаш не се искрени до крај...
Секогаш има нешто што го премолчуваат...
Можеби од срам...
Мислам дека тие самите се срамат од себеси, се мразат што го трпат тоа, а сепак некако се немоќни да пресечат...
Не го знаеме нивниот ментален склоп...
А мене ми се најчудни жртвите кои се обвинуваат самите себе... Демек не е крив тој, јас претерав или јас сум крива оти го испровоцирав или јас сум крива што неубаво ја испеглав кошулата и сл.
Замисли како и` функционира мозокот кога бара оправдување за неговите постапки...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Само ќе го оставам линков овде и ќе се одлогирам. Мислам дека се нагледав гадотии за денес.
Додуша, ретко веќе нешто убаво, а вредно за спомнување гледам.
Вака да фрлаш некого, па и пред очите на сопствено дете?
Секако, се најдоа и релативизатори со „Не се знае што претходело на ова, намерно го снимала, видиш како е таа искалкулирано мирна“. Епа океј...
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Денес ми излезе на стори некоја спонзорирана реклама за мобилна апликација да пријавиш семејно насилство, ама кликнав Х пред да разгледам убаво.
Како и да е, не ми делуваше нешто промислено од скриншотите што ги видов. Некако ко недоработена, со некакво СОС копче, а никаде објаснување кај врти или што прави копчето. Друго прашање е што после? Ќе ги сместат некаде 2-3 дена, ќе запретат на насилникот и? Ќе ги скрши наредна прилика што пријавиле.
Знам за странски апликации што се маскирани ко обични, рецимо калкулатор или апликација за средување слики. А замисли ова имаш партнер што те ќофта и контролира, па ти отвара на телефон за со толкави букви да види црвена СОС апликација... Плус ја рекламираат на една од најпосетените мрежи.
Може не е со лоша замисла, но е со ужасна реализација.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Само ќе го оставам линков овде и ќе се одлогирам. Мислам дека се нагледав гадотии за денес.
Додуша, ретко веќе нешто убаво, а вредно за спомнување гледам.
Вака да фрлаш некого, па и пред очите на сопствено дете?
Секако, се најдоа и релативизатори со „Не се знае што претходело на ова, намерно го снимала, видиш како е таа искалкулирано мирна“. Епа океј...
Па ова е страшно, страшно е и тоа што сеуште се случува ова, страшно е и тоа што барем кај нас нема доволно свест кај институциите за да им се помогне на лицата жртви на семејно насилство.
Жално во секој случај.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Па ова е страшно, страшно е и тоа што сеуште се случува ова, страшно е и тоа што барем кај нас нема доволно свест кај институциите за да им се помогне на лицата жртви на семејно насилство.
Жално во секој случај.
Ах, го средија таму. Веќе може да се збогува со кариерата, па прашање е и во Бургер Кинг дали ќе го примат да работи. За разлика оттука, каде насилниците се пријателчиња со полицијата, таму барем се потранспарентни за ова и (најчесто) праведни.
Се надевам малото нема ништо да помни од ова... мислам дека е и премало за среќа. Али жената беше толку смирена, јасно беше дека не ѝ го прави тоа првпат. Ужас.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Ах, го средија таму. Веќе може да се збогува со кариерата, па прашање е и во Бургер Кинг дали ќе го примат да работи. За разлика оттука, каде насилниците се пријателчиња со полицијата, таму барем се потранспарентни за ова и (најчесто) праведни.
Се надевам малото нема ништо да помни од ова... мислам дека е и премало за среќа. Али жената беше толку смирена, јасно беше дека не ѝ го прави тоа првпат. Ужас.
Добро ние сме си посебна приказна. Кај нас попрво жртвата ќе ја казнат него насилникот.
Ама добро што барем некаде се почитуваат одредени мерки, па со мало закаснување може тој менталитет ќе стигне и до кај нас. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra