Заслужена победа на Мексико, баш ми е мило стварно, иако не им дадоа чист пенал ама ајде. Хрватите нека си се пакуваат и така ништо не покажаа на утакмицава. За малце можеше Мексико да е прво место во група ама Бразил даде гол на крај. Сега значи Бразил - Чиле и Мексико - Холандија се првите осминафинални парови. Бразил ќе има проблеми со Чиле, сите мислат дека полесен пат имаат до финалето ама очекувам Чилеанциве да им одржат лекција

. Холандија - Мексико би требало да е ептен јака утакмица, Мексико со игра како денес може да им направи проблеми на Холанѓаниве ама не верувам да победи Мексико

.
Утре Италија очекувам да изгуби, а Костарика да победи против Англија.
