1.Германија - сепак на крај најконстантната и најефикасната екипа победи. Освен против Португал на другите мечеви немаа помош и ги одиграа ок. Бајаги експериментирање со составот, најдобра комбинација им испадна против Бразил а најлоша против Алжир кога реално имаа и среќа. Швајнштајгер, Ноер и Лам стандардни, Боатенг феноменален на последните 3 меча. Одбраната на Ноер вс. Бензема во 94.минута дефинирачки момент.
2.Аргентина - повеќе влечуги и читери отколку дајвери, бункер и Меси. Се уште не ми е јасно како стигнаа до финале и како за малку и ќе го освоеја. Тоа е таа моронска школа на фудбал. Некој би рекол дека и други екипи играат така. Ок, сфаќам Алжир да одигра бункер (како со Белгија) или Иран кои имаат скромен играчки кадар ама Аргентина?! Really? Тоа е како да имаш Ферари во гаража и да го возиш макс. 40 на час. Срање.
3.Холандија - комшиите сами се подјебаа што во нокаут фаза ја променија тактиката со која газеа во групата. Ствар на психа ваљда, судиска помош со Мехико, пенали со Коста Рика и срамот на ова СП, дебиланата наречена полуфинале против Аргентина. Досада. Моментот - блокот на Маскерано вс. Робен во 90.минута. Ќе се памети демолирањето на Шпанија во прв круг.
4.Бразил - Си мислам дека Сколари е мртов а на негово место е репликант некаков на кого не му ја даунлодирале меморијата. Збир на дајвери читери и дрољетини за кои 4.место е како дар небесен. Реален исход без помош на судии ќе беше испаѓање во група. Во полуфиналето и мечот за трето место се виде `потенцијалот` при средба со јаки селекции. Никогаш Бразил не бил потешко срање, и како тим и како поединци. Рекорден број на дајвови.
5.Колумбија - Едно од изненадувањата на СП, екипа која можеше и до медал. Си ја имаа сфатено работата сериозно, имаат добар состав и солиден тренер. Откритието на првенството Џејмс Родригез на крај и најефикасен на СП. Заедно со голот на Кејхил го даде и голот на првенството. Го ставија во игра и најстариот играч евер, 43 годишниот голман Мондрагон. Покажаа тактичка зрелост и добра ефикасност. Ако го задржат костурот на тимот можна е титула до година на Копа Америка.
6.Белгија - Амбивалентно. 6.место од 210 земји кои се такмичат во циклусот за СП е прилично јак успех. Ама сепак лебди прашањето дали можеа до медал. Можеа само што неискуството и психата не им дозволија. Имаше грч кај некои играчи, Азар немаше сила на крај, за разлика од квалификации кога растураше, дали е до долгата сезона дали е до психа е друг муабет. Како и да е, ова е прв турнирски настап на оваа екипа и тука веројатно се крие причината за немањето медал. Едини шо имал настап беше Ван Бујтен кој играл во 2002 и одигра одлично во одбрана и покрај годините. Следниот собир ќе биде напад на титула.
7.Франција - Без Рибери и Насри не се очекуваше којзнае што ама Дешамп изненади и одигра јак турнир. Кулминација беше демолирањето на Швајцарија. Моментот кога судијата свири крај а топката лета кон мрежата за 6-2 е една од најморонските судиски одлуки било кога видени. Бензема позитивно изненади, Валбуена исто, компактен тим кој за малку ќе одеше во екстра тајм и со Германија која створи најмалку шанси вс. Франција. До психата е, не дека не можеа да поминат. Нешто слично како и Белгија вс. Аргентина.
8.Коста Рика - Пепелашка на ова СП, најголемата сензација, извлече апсолутен максимум и повеќе од тоа, скромен состав со риџекти од ПЛ и играчи од локалната лига, тотални анонимуси. Сееше смрт во групата на смртта, после тоа веќе немаа сила и се бранеа. И тоа успешно, со малку среќа ја пројдоа Грција а малку фалеше да стигнат и до полуфинале. Тешко некогаш да повторат ваков настап, посебно второто полувреме со Уругвај кога од негатива дојдоа до убедлива победа и играа како во транс. Тие 45 минути се едни од најдобрите шо сум ги гледал кога играл underdog.
ту би континјуд