Светско првенство во фудбал, Бразил 2014

Ваш фаворит за освојување на титулата:


  • Вкупно гласале
    26
  • Poll closed .

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
По континенти, Азија (засилена со Австралија која напраи трансфер од Океанија во Азија) - дебакл. Сите 4 испаднаа прва фаза, одиграа вкупно 12 меча , нула победи, 3 нерешени и 9 порази, `најдобро` пласирана е Ј.Кореја на 27.место :rofl
На претходното и Јапан и Кореа беа во втор круг и малку фалеше да стигнат во 1/4 финале, Северна Кореја беше само за гол разлика поправање.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
@Outrider ако добро се сеќавам Северна Кореја минатото првенство беше првиот тим кој што стигнал на светско со тим без ниеден професионален играч.

Инаку не знам по кој критериум се распоредуваат екипите од 5-то до последно, веројатно по гол разлика. Ако знае некој нека пише.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
@Outrider ако добро се сеќавам Северна Кореја минатото првенство беше првиот тим кој што стигнал на светско со тим без ниеден професионален играч.

Инаку не знам по кој критериум се распоредуваат екипите од 5-то до последно, веројатно по гол разлика. Ако знае некој нека пише.

1-4 место се знае.
5-8 се четвртфиналистите. Се одредува по освоени бодови, ако имаат исто тогаш се зема гол разлика, ако и тоа е исто тогаш број на дадени голови. Колумбија и Белгија имаат по 12 бода (4 победи и 1 пораз) ама Колубија има подобра гол разлика, hence 5.место а Белгија 6. Франција има 10 бода (3 победи 1 нерешена 1 пораз) а Коста Рика има 9 (2 победи и 3 нерешени без пораз :kafe)
Исто е и за 9-16 (осминафиналистите) и за 17-32 (испаднатите во прв круг)
Може да се деси осминафиналист да има повеќе бодови од четвртфиналист ама сепак ќе си биде 9-16 поради пласманот. Еквадор има подобар скор од Нигерија ама пошто не се пласира во 1/8 ф. останува на 17.место.
Разлика од СП и ЕП е што на ЕП и 3-4 место се сметаат на овој начин пошто нема меч за трето место.
Пеналите не се сметаат како дел од утакмица. Ако дојде на пенали се смета нерешено, пеналите се само екстра ивент за да се одреди кој оди понатаму.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Сега видов и официјална статистика од ФИФА, ова првенство беа постигнати 171 гол и по ефикасност дели прво место (откако е сменет 64 форматот) со тоа од 1998-ма во Франција.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
1.Германија - сепак на крај најконстантната и најефикасната екипа победи. Освен против Португал на другите мечеви немаа помош и ги одиграа ок. Бајаги експериментирање со составот, најдобра комбинација им испадна против Бразил а најлоша против Алжир кога реално имаа и среќа. Швајнштајгер, Ноер и Лам стандардни, Боатенг феноменален на последните 3 меча. Одбраната на Ноер вс. Бензема во 94.минута дефинирачки момент.

2.Аргентина - повеќе влечуги и читери отколку дајвери, бункер и Меси. Се уште не ми е јасно како стигнаа до финале и како за малку и ќе го освоеја. Тоа е таа моронска школа на фудбал. Некој би рекол дека и други екипи играат така. Ок, сфаќам Алжир да одигра бункер (како со Белгија) или Иран кои имаат скромен играчки кадар ама Аргентина?! Really? Тоа е како да имаш Ферари во гаража и да го возиш макс. 40 на час. Срање.

3.Холандија - комшиите сами се подјебаа што во нокаут фаза ја променија тактиката со која газеа во групата. Ствар на психа ваљда, судиска помош со Мехико, пенали со Коста Рика и срамот на ова СП, дебиланата наречена полуфинале против Аргентина. Досада. Моментот - блокот на Маскерано вс. Робен во 90.минута. Ќе се памети демолирањето на Шпанија во прв круг.

4.Бразил - Си мислам дека Сколари е мртов а на негово место е репликант некаков на кого не му ја даунлодирале меморијата. Збир на дајвери читери и дрољетини за кои 4.место е како дар небесен. Реален исход без помош на судии ќе беше испаѓање во група. Во полуфиналето и мечот за трето место се виде `потенцијалот` при средба со јаки селекции. Никогаш Бразил не бил потешко срање, и како тим и како поединци. Рекорден број на дајвови.

5.Колумбија - Едно од изненадувањата на СП, екипа која можеше и до медал. Си ја имаа сфатено работата сериозно, имаат добар состав и солиден тренер. Откритието на првенството Џејмс Родригез на крај и најефикасен на СП. Заедно со голот на Кејхил го даде и голот на првенството. Го ставија во игра и најстариот играч евер, 43 годишниот голман Мондрагон. Покажаа тактичка зрелост и добра ефикасност. Ако го задржат костурот на тимот можна е титула до година на Копа Америка.

6.Белгија - Амбивалентно. 6.место од 210 земји кои се такмичат во циклусот за СП е прилично јак успех. Ама сепак лебди прашањето дали можеа до медал. Можеа само што неискуството и психата не им дозволија. Имаше грч кај некои играчи, Азар немаше сила на крај, за разлика од квалификации кога растураше, дали е до долгата сезона дали е до психа е друг муабет. Како и да е, ова е прв турнирски настап на оваа екипа и тука веројатно се крие причината за немањето медал. Едини шо имал настап беше Ван Бујтен кој играл во 2002 и одигра одлично во одбрана и покрај годините. Следниот собир ќе биде напад на титула.

7.Франција - Без Рибери и Насри не се очекуваше којзнае што ама Дешамп изненади и одигра јак турнир. Кулминација беше демолирањето на Швајцарија. Моментот кога судијата свири крај а топката лета кон мрежата за 6-2 е една од најморонските судиски одлуки било кога видени. Бензема позитивно изненади, Валбуена исто, компактен тим кој за малку ќе одеше во екстра тајм и со Германија која створи најмалку шанси вс. Франција. До психата е, не дека не можеа да поминат. Нешто слично како и Белгија вс. Аргентина.

8.Коста Рика - Пепелашка на ова СП, најголемата сензација, извлече апсолутен максимум и повеќе од тоа, скромен состав со риџекти од ПЛ и играчи од локалната лига, тотални анонимуси. Сееше смрт во групата на смртта, после тоа веќе немаа сила и се бранеа. И тоа успешно, со малку среќа ја пројдоа Грција а малку фалеше да стигнат и до полуфинале. Тешко некогаш да повторат ваков настап, посебно второто полувреме со Уругвај кога од негатива дојдоа до убедлива победа и играа како во транс. Тие 45 минути се едни од најдобрите шо сум ги гледал кога играл underdog.

ту би континјуд :frantic
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
9.Чиле - На крај добар пласман, но ако се знае дека 1/4 финалето им избега поради пречка во 120. минута тогаш е јасно дека можеа и повеќе. Една од екипите кои немаа среќа а покажаа добар фудбал.

10.Мексико - Испадна поради судиска кражба и поради тоа што се повлекоа после дадениот гол. Уште една екипа која испадна порано отколку што имаше потенцијал и која беше најмногу оштетена од судиите. Голманот одличен, царот Маркез си останува цар. Најдобар меч - уништувањето на Хрватска.

11.Швајцарија - Имаа пречка во 120.минута против Аргентина, на крај реален пласман, познати по првиот арнаутин со хет трик на СП.

12.Уругвај - Тим кој во своите редови го имаше големиот дајвер Суарез кој не одолеа на своите канибалски нагони при што го заврши првенството пред време а со тоа ја сјеба и својата екипа која рутински беше елиминирана од Колумбија. Со многу среќа стигнаа воопшто во втор круг, благодарејќи на грешката на Џерард и тоа што судијата не го виде канибалот на дело.

13.Грција - Троловите повторно тролаа, после почетниот пораз никој не очекуваше дека ќе се пласираат понатаму а таква ситуација најмногу им одговара. Драматична утакмица со БСК и слична со Коста Рика кога израмнија во последна минута а имаа шанса и за 1/4ф. во 120 минута. Ако поминеа веројатно ќе дојдеа до финале.

14.Алжир - После Коста Рика беа најпријатно изненадување, ја елиминираа Русија а одиграа одличен меч против Ј.Кореја. Ако беа малку поприсебни и искористеа една од многуте шанси против Немачка, Бразил немаше да се бламира во полуфинале.

15.САД - Сосема добро издание, проблемот е што најдобар поединец им беше Тим Хауард. А секогаш е ризик кога голманот е толку често ангажиран. Со Белгија Тим Хауард собори рекорд на СП по број на одбрани и спречи двоцифрен пораз па дури имаа и шанса за победа во последна минута.

16.Нигерија - Поминаа поради груба грешка и поништен гол на Џеко. Кон ова се надоврза и статива на истиот босански играч во последна минута. Дојдоа до границата на своите можности, против Франција немаа никакви шанси.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr and existence

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
17.Еквадор - рандом екипа со рандом очекувања, рандом игра и пласман :D

18.Португалија - Бламажа, Кристиано и компанија делуваа на моменти залутани на СП, иако имаа шанса против Гана, Роналдо промаши икс чисти шанси за гол кои можеа да ги провлечат понатаму.

19.Хрватска - Иако оштетени против Бразил на отворањето се созедоа против Камерун и се очекуваше офанзива против Мексико. Потфрлија во најбитен момент и се распаднаа во последниот меч. Веројатно во склад со можностите.

20.Босна - Баксузите на шампионатот, автогол за старт, судиска кражба со Нигерија, иако имаа статива во судиско надополнување играа конфузно под притисок. Добра игра за крај со Иран, можеа и повеќе но тој е данокот на прв турнирски настап.

21.БСК - Африканската Англија, добри играчи и големи очекувања и пак паднаа во групна фаза, требаше да издржат само минута до крај со Грција (која ги надигра) ама не успеаа ни во тоа. За наредното СП нема да имаат многу од ѕвездите, ова им беше последна можност на некаков успех. Big failure.

22.Италија - Добро отворија со Англија, се посрамотија со Коста Рика и не тргнаа офанзивно со Уругвај (бидејќи им требаше само бод) што на крај им се освети, без разлика што канибалот требаше да биде исклучен, не се ни обидоа да нападнат. Не се обиде ни Уругвај но ете еден корнер беше доволен.

23.Шпанија - Најголемиот дебакл на СП, актуелните светски и европски прваци со горе долу ист костур - доjдоа,видоа и се избламираа за сите пари. Тешко е да се објасни што се случи ама што и да е - ќе останат епик фејл на СП-2014.

24.Русија - Квази фаворит од сенка со најплатениот селектор на светот, (пот)просечни играчи без никаква идеја што да прават со топката и со дрво на голот мислам дека поминаа подобро отколку што им беа реалните можности, се надминаа себеси и го освоија одличното 24.место.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence and Altaïr

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
25.Гана - Се очекуваше многу повеќе ако се знае како им избега полуфинале на минатото СП, не одиграа слабо само што лошата завршница и меѓусебните инциденти надвор од терен ги чинеше пласман понатаму. Добар меч против Германија.

26.Англија - За разлика од минати прилики на ова СП беа испратени со песимизам од страна на домашната јавност што на крај се покажа реалистично. Слично како Гана не одиграа толку слабо колку што ги промашија шансите кои ги створија а паничната одбрана зачинета со аматерски грешки на капитенот е вистинска мистерија - ако се земат во предвид нивните клупски изданија.
Најлесно се приметува разликата ако ги приметивте Боатенг и Хумелс или Ноер кои пукаат од самодоверба во последната линија на Немачка. Англиската одбрана која се состои од искусни и квалитетни играчи ја зафаќа паника и хистерија кога играчите играат за репрезентација. Ако на тоа се додаде и сомнителниот селектор резултатот и не е неочекуван. Иако ова е најслабиот настап на Англија на било кое СП има една добра работа - подолу од ова не може.

27.Ј.Кореја - Азиската велесила овој пат без идеја и концепција, уште порандом екипа од Еквадор. Сепак ако се земат резултатите од 2010-2014 на оваа екипа - пласманот е премногу слаб.

28.Иран - Тимот кој имаше оригинална идеја без постигнат гол да освои титула. Бункер со многу ретки контри, јаловост, мечот со Нигерија единствен кој можел да му конкурира на Аргентина-Холандија за најдосадно срање на СП. Залутани.

29.Јапонија - Актуелен шампион на Азија и на чекор до 1/4 ф. на претходното СП - овој пат ужасно лошо, непрепознатливо и мизерно. Дури и Грција со играч помалку им направи проблеми.

30.Австралија - Уште еден пример каде пласманот е полош од прикажаната игра. Тешка група, после ужасните први 15 мин. со Чиле почнаа да играат и малку фалеше и да земат бод. Против Холандија го одиграа најдобриот меч и го постигнаа најубавиот гол (Кејхил). Со Шпанија беше whatever пријателски меч, многу подмладени од порано, недостасуваа некои ветерани, што поради повреди што поради повлекување од репрезентација.

31.Хондурас - Собрани касапи, копачи и месари на едно место, залутани на светско, служеа за гол разлика. Против Франција се извлекоа `само` со 3 примени а можеа да примат десетина.

32.Камерун - Уште една залутана екипа кој послужи за поправање гол разлика со мал придонес на СП но не на фудбалси план туку на план на сеир - кога Асу Екото се затепа со некој колега од својата екипа. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr