Само еднаш се сака или не?

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Еднаш?Не верувам...тоа го има само во бајките.Си живееја срекно до крајот на животот.
И секогаш се сака различно.Некогаш повеќе и поинтензивно и поцврсто,а некогаш на некој поинаков начин.Љубовта има различни лица,различен интензитет,различно значење за секоја единка.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars31

Mardy Bum

Староседелец
25 април 2012
177
180
643
behind you!
Не. Но колку пати најчесто зависи од “заљубливоста“ на личноста, стравот од впуштање во емотивна поврзаност, страв од невозвраќање и дарување и покажување.. луѓето имаат чудна потреба да го споредуваат “интензитетот на сакање“ меѓу две личности (старата и новата љубов), иако секогаш е различно.
А за сродната душа.. верувам дека постои, ама не само една туку многу.. иако сите различни, многубројни сме, верувам дека има многу други делчиња-слагалки кои ни одговараат.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Не е точно дека се сака само еднаш.. Само различни околности прават да ние мораме да споредуваме која личност ни била или ни е повеќе потребна, значајна. И во љубовта е така.. Сакаш некого, се вљубуваш во сите негови мани и доблести во физичкиот изглед и начинот на размислување... Поради различен склоп на околности, не сте заедно но животот продолжува.. Сега наидуваш на нова личност, со различен психо-физички биоритам... со различни навики во кои се вљубуваш но се различни од тие кај другиот. :)
Да се надобрзам во муабетот. Човекот е приспособлива личност. Поготово кога се работи во име на љубовта. Така тој едната личност ја сака на еден начин, другата на сосема друг. Но не може да се каже дека едната е сакана повеќе од другата. Или се сака или не. Себичноста тука нема улога.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Luckky

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
тоа беше моето вечно прашање што ги будеше сите мои сомнежи за тоа како понатаму во животот, дали може да се продолжи, дали може да се сака пак со толкав интензитет?
но сега знам, може да се сака повеќе пати, но на различни начини. никогаш нема да биде како тоа претходното, а нема ни потреба од споредби, се си има свој шмек и убавина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Aquarius

crvenkapa

Староседелец
15 јануари 2013
235
593
1,093
Веројатно се сака повеќе пати..викаат првата љубов била најсила, можеби затоа што е прва..нешто ново, непознато, бура од емоции дотогаш недоживеани и затоа останува во сеќавање..А и со време се менуваат ставовите, перцепцијата, она што го бараме и цениме кај другиот,а со се тоа се менува и интензитетот на сакање. И не верувам во сродни души туку во избор.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Да бидам најискрена,јас од кога знам за себе сум заљубена:)
Секој пат на поинаков начин,секој пат интензивно.
Сеуште постојат луѓето кои ги сакам/сум ги сакала во мене и секогаш ќе постојат.
Секоја љубов/сакање била/е посебна/о искуство
на свој начин и тоа не значи дека партнерот со кој сум има врска со тие сакања.
 

Strumfeta

Полноправен Член
20 јуни 2013
57
91
18
Дефинитивно Не! Се сака повеќе пати, секој нов човек во животот своја приказна. Секоја нова љубов со различен интезитет и настани, но сепак Љубов е ... Не зборувам значи за моментална занесеност, заљбување, туку за она вистинското, кога некој го сакаше повеќе од самиот себе си, кога буквално кога не е до тебе имаш болки во градите како да ти фали нешто, но сепак ... после низа настани и перипетии, таквата љубов знае да замре, да ја снема, да изчезне, или да се претвори во гнев и омраза, меѓутоа тоа не значи дека нема да дојде нова, уште поголема, поинтересна, а можеби и вечна ... верувам во сродни души, јас ја најдов мојата (inlove)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Martin_MKD