Салати

Мила

Активен Член
1 март 2012
121
99
28
На плажа!!!
Не видов тема за салати. Ме интересира дали знаете да придотвувате некаков вид на салати?
Дајте ваши предлози, рецепти...

За почеток еве една што ја правам често!

Салата од печени компири


1 кгр. розе компири
300 гр. масло
1 главица лук
сол
црн пипер

Измијте го компирот и ставете го во рерна да се пече. Од како ќе се испече, излупете го и пропасирајте го додека е топол и веднаш ставете сол, толчен лук и постепено мешајќи ставете го маслото додека не се потроши целото и на крај црниот пипер. Се служи како ладна или топла салата.

Салата од домати
Потребно:
4 домати
2 зелени пиперки
3 тврдо варени јајца
масло
1 главица кромид
Исчистете ги пиперките од семките и исечете ги на коцкички. Исечете ги доматите на парчиња. Измешајте ги, па додајте сол и масло. Излупете ги тврдо варените јајца и кромидот, исечете ги на тркалца и распоредете ги врз салатата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Minella and Sugar

Blueberry

Староседелец
12 февруари 2012
210
158
1,043
Скопје
Јас правам цвекло салата. Наједноставна и супер освежува. Земете тегла цвекло и една павлака пола кило. Исецкајте го цвеклото на ситно, додадете павлака по желба колку сакате да биде густо и уживајте во дегустација :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: N|ghtmare_f and Minella

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Јас како изврсна домаќинка и вечити сновач низ кујна, највише мерак имам на салати.:D
Значи свежи или кремасти, ми прават кејф ептен.

Оваа си ја правам прилично често, таман е посна а навистина најадува, за сите што ги практикуваат постиве...
Не знам у количини, зашто си ја спремам од око, зависно дали ја правам само за мене или за групна седенка со пријатели.

Потребни состојки:
-компири
-маслинки
-туна на парчиња
-моркови
-маслиново масло
-лимон
-магдонос

Подготовка:
Компирите се варат и се сецкаат на коцки со средна големина, се додаваат туната, исецканите маслинки.
Морковот треба да биде свеж и се ренда.
Се додава ситно исецкан магдонос, сол, маслиново масло ( малку зашто и од туната има), и сок од лимон.

Се меша и се јаде, разбира се :cool:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Adele and Sugar

Sugar

Истакнат Член
19 февруари 2012
502
1,110
393
Само шопска и руска! (happy) не верувам дека некој не знае рецепт :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,926
1,133
некаде во длабочините на темнината
Само шопска и руска! (happy) не верувам дека некој не знае рецепт :D
ја ке ти кажам
шопската салата оди со
-патлиџан
-чушка ( пиперка )
-краставица
-сирење ( рендано или сецкано исто е )
- може по вкус кој сака малку марула
- и се знае 1 кг. ракија :D:rofl
а за руската салата ја знам како зимница....вака не ја знам :D
 

Мила

Активен Член
1 март 2012
121
99
28
На плажа!!!
ја ке ти кажам
шопската салата оди со
-патлиџан
-чушка ( пиперка )
-краставица
-сирење ( рендано или сецкано исто е )
- може по вкус кој сака малку марула
- и се знае 1 кг. ракија :D:rofl
а за руската салата ја знам како зимница....вака не ја знам :D


Ејј, кој не ја знае руската:)
Салама, грашок, мајонез, кисели краставички, моркови, по желба ставаат и кашкавал и компири. Јас никогаш не ставам компири, не ми се допаѓа така.

orosz+salata.JPG
 

Sugar

Истакнат Член
19 февруари 2012
502
1,110
393
Недоразбирање :D Кажав дека тие ги знам само, не дека барам рецепт, нвм , фала Мила што ме настрви сеа со сликата :gladen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav

Minella

Активен Член
15 февруари 2012
171
171
43
Pust ostrov
динстан зеленчук ,борокула,морков ,грашок или карфиол ...... ммммм ... без додаток на оцет ,масло или сол
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Мила