Не видов тема за салати. Ме интересира дали знаете да придотвувате некаков вид на салати?
Дајте ваши предлози, рецепти...
За почеток еве една што ја правам често!
Дајте ваши предлози, рецепти...
За почеток еве една што ја правам често!
Салата од печени компири
1 кгр. розе компири
300 гр. масло
1 главица лук
сол
црн пипер
Измијте го компирот и ставете го во рерна да се пече. Од како ќе се испече, излупете го и пропасирајте го додека е топол и веднаш ставете сол, толчен лук и постепено мешајќи ставете го маслото додека не се потроши целото и на крај црниот пипер. Се служи како ладна или топла салата.
Салата од домати
Потребно:
4 домати
2 зелени пиперки
3 тврдо варени јајца
масло
1 главица кромид
Исчистете ги пиперките од семките и исечете ги на коцкички. Исечете ги доматите на парчиња. Измешајте ги, па додајте сол и масло. Излупете ги тврдо варените јајца и кромидот, исечете ги на тркалца и распоредете ги врз салатата.