Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Сонуваме ист сон, кога би се претворил во јаве би останале само ние....во сонот заробени.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Љубовта ме води цел живот, но секогаш нешто недостигаше, сега сфаќам дека сум трагала по нас...И сега кога љубам, молчам...сега кога сакам, не допирам....сега кога умирам, сакам да живеам..За нас.Кој да ме разбере...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,841
1,153
Зошто ме врзуваш за тебе, од каде твојата моќ за еден згаснат бог, еден збор е премалку, се мрести тој во темнина, за туѓа виделина, се е без смисол, а ти му даваш живот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Се заљубуваш во блесокот на мирната површина, но кога ќе надојде бурата и бистрата вода ќе стане матна и пенлива, ќе ме препознаеш ли?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,841
1,153
Кога ќе надојде бурата и бистрата вода ќе стане матна и пенлива, тогаш живите ќе ги пеат песните на мртвите и времето од тага ќе засипне, вистината ќе ја издаде тајната, но не и тоа што го најдов и препознав во тебе, кое расте во мене, тоа што го љубам на површината и дното.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*