Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Те чувствувам во мирисот на пролетниот дожд бакнат со мислите љубовни.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Ми недостасува звукот на дождот, ми недостасува мирисот на влажната земја во пролет, ми недостасува се она непознато што би можела да го донесе твојата близина.Ми недостасуваш.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Не можам со тебе, а најмалку без тебе..
До каде отидовме .. Посесивни ли сме, љубоморни ли сме до таа мерка што се оддалечуваме еден од друг а копнееме за трунка нежност и мир?
Угодуваме секому, се трудиме да не повредиме луѓе околу нас, а што се случува со нас ..? Кај сме ние? На што сме ние? ШТО сме ние? Монотонијата ствара нетрпеливост меѓу нас.. Се утепавме правдајќи се.. Кој и за што е крив, тонеме се повеќе а решение едвај да излезе од моја уста.. Или продолжуваме со промени и со повеќе труд или.... Нема друго чаре..
И прстенот веќе не ми е точен.. Паѓа .. Пак сум ослабнала.. И не само физички.. Јас сум и психички слаба личност .. Во секунда ми се врват милион мисли низ глава.. Полудувам на моменти.. Мразам кога останувам сама зошто колку и да не сакам јас со мисливе патувам .. Знам кое е чарето и ќе ми биде.. Јас ќе закрепнам ќе се смирам.. Но.. Ќе закрепнеме ли ние некогаш....?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Отсекогаш бев само јас.Јас и срцево сигурно како брод на пристаниште закотвен, јас и мисливе расеани како јато галеби.Зошто одеднаш ме плашат брановите?Нели ги чекав да осознаам дека живеам?Како ли успеа да ми ги усовршиш мисливе?Сега мои се или твои?И сонот не доаѓа додека не излезат од душава.Се имав само себе, сега и тоа го делам со тебе, ме имаш како никој досега, ме имаш бесконечна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Миме 22

Нов член
28 октомври 2016
2
1
3
30
Здр
Се запознав со едно дете скоро сега.се беше ок .една вечер расипа се која ми рече дека не сака повеќе да бидеме заедно.го прашав зошто ми рече шо ти је гајле.
Како да го заборавам или да разговарам со него шо се случи.
Можи совет
 

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Ако се насмееш кога ќе се сетиш, значи вредело.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Чашата полна, душава празна,
допри ја, наздрави со неа,
помилувај ја со гласот
како секавица меѓу две темнини,
налеј ја со стихови,
да замолчи, еднаш за секогаш,
да се засити.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

rikica01

Истакнат Член
19 ноември 2015
58
20
118
29
Здр
Се запознав со едно дете скоро сега.се беше ок .една вечер расипа се која ми рече дека не сака повеќе да бидеме заедно.го прашав зошто ми рече шо ти је гајле.
Како да го заборавам или да разговарам со него шо се случи.
Можи совет
Некој него му го има наполнато мозокот со неубави работи за тебе па затоа така и направил