Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Ми ја заши душава со твојата за да не испука по рабовите,
Ги наполни ходниците на срцево со смеа што се слушна до небото,
Ме заслужи кога го отвори срцето што беше во оловен оклоп затворено.
Да губеше по литро крв на секое "те сакам" што го кажуваш на човек за кого тоа не го чувствуваш, ќе ја собирав истата во зип-лок ќесички и преку трансфузија ќе ти ја враќав назад. За да можеш пак да го правиш тоа.
Зошто сум глупав.
Ќе те фати бура, ќе застанеш храбро пред неа со насмевка на лицето и ќе речеш:
-Како неа е. Истура, грми, ноќ разденува, носи се пред себе, но не убива. На крајот ќе стивне. Те учи да го цениш сонцето. Ваква бура се живее, не се пропушта.
Ajde da si gi smenime i gushneme pernicite , jas tvojata a ti mojata. Da zaspieme i da sonuvame, jas tvoite sonishta a ti moite, potoa sonishtata da gi zapletkame . Tivko ti gi shepotam tvoite sonista vo koi ne sum jas , vo koi ne si ti, tuku samo senista od minatoto.
Јас и ти, каде и да тргнеме секој пат води од мене до тебе и обратно, носејќи ја безвременската убавина на тишината, душите се разбираат и без зборови.
Ако за ништо друго тогаш ќе живеам за тебе, кој ми ја покажа својата љубов. Ми ја разголе душата и ја покри со твојата, топла. Дозволи да те препознаам во толпата, во пламенот и песната. Не забрзувај го чекорот бос, дозволи ми да се препознаам себе во тебе.
И ноќта ќе презрее во твоите очи со погледот мој и душава ќе задоцни секаде за да те стигне тебе и косата твоја божур ќе се стори под моиве нокти, кои ја гребат месечината врз ѕидовите на твојата крв, опиена со виното на боговите.