Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Не мора веќе да чекаш цагер, знам некој што мисли на тебе и кога сказалките се сосема оддалечени.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Со тебе можам да ги допрам лузните од минатото и така лесно да ги заробам во твоите солзи кои истекуваат од очите ти што длабат карпи и не говорат ништо, пресекувајќи ја полноќта со тишината и мирисот пред дождот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Со мене можеш се, ниту лузните од минатото ќе можат да ти ја обележат сегашноста, ниту карпите што стојат пред тебе ќе можат да фрлат сенка на иднината, само песок пустинска од нив ќе остане што со еден здив ќе ја растерам, а зад нејзините кулиси ќе бидам јас, никогаш сигурна во себе и засекогаш слаба на тебе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

ВинаНевина

Полноправен Член
26 мај 2017
78
68
18
Како ме трпиш бе? Ваква тмурна и досадна и јас не се можам на моменти. Си се родил со целото трпение на светот, зашто знаела судбината со кој ќе си имаш работа.
 

Traviesa

Истакнат Член
8 јуни 2016
25
15
113
Од сите одлуки - ти ми беше најтешка. Ако не те барам не значи дека не те мислам.
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Цврсто стојам на земја како што се уште стои во стаклената вазна цвеќето што ми го подари. Розите ми се омилени, веднаш после тебе. Едвај чекам да се стопам во твојата топла прегратка. Ми фалат твоите темни очи (inlove)(star)
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
Дај ми шанса јас тебе ќе ти покажам, колку ми требаш ќе видиш ќе ти докажам :D
 

ВинаНевина

Полноправен Член
26 мај 2017
78
68
18
Оздрави побрзо!
Има толку обврски што треба да се завршат нареднава недела, ко изгубена честитка сум без тебе. :svirka
 

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Сум заспала чекајќи те, а веќе се поздравивме вечерва....навика или копнеж? И си дошол, да ме разгалиш, среќа душата отворена ти ја оставив. Дојди пак, земи ме, не сме ние за овој свет, нови светови создаваме каде демоните коленичат пред ангелите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar