А ги гледам околу мене сите нешто глумат заљубени, у комфорт зона врски. Демек нашле soulmate. Да осетат пола од тоа што јас го чувствувам за тебе, одма би раскинале. Како бе така, толку лесно им излага од уста тоа "те сакам"? Го фрлаат наоколу ко горен дел од целофанот од кутија цигари. Ко да мораат. А не им се лутам нив уствари, туку на самиот себе. Што се заљубив во некоја со која никогаш нема да бидам. Ама тоа е, мазохистот во мене бара помија, свиња гнасна. На себе па и не мора да мислам. Ќе издржам некако до лето, после тоа ќе морам да се навикнам. Ни се погодиле скроз различни патишта. Прави асимптоти.
И како тоа зошто не сум те разбудил? И тие моменти ли ќе ми ги снема? Пфф, нема шанса, ќе бидам перница.
Спиј мирно.