Јас сум само една мала ѕвездичка која скршнала од ѕвездената патека. Веќе не сјаам како порано и никој не се восхитува кога ќе ме погледне. Еден ден го сретнав него... тој беше како некое соѕвездие. Сите ѕвездички што го сочунуваа како совршено да беа поставени и како да го пратиле кај мене за да се љубиме. Но, тој припаѓаше на друга галаксија... не сакаше да ми даде шанса како што заслужувам. Почна да го гасни моето светло и да ме остава во темнина и мрак, а јас го чекав со денови, со недели со месеци. Немаше ден да не помине, а да не помислам на неговата топлина, на неговиот блесок и сјаниот поглед. Знаеше ли дека навистина ми значи ? Знаеше каква бура предизвика кај ѕвездичка како мене ? Тој беше навикнат на сечие внимание. Во неговата галаксија опкружен со стотици други, кои секогаш имаа што да му понудат, а тој да прифати.
Ги гледав планетите секоја вечер и ја молев Месечината, главната одговорна за чувствата да ја исполни мојата желба. Чекав многу долго, но најпосле се појави пред мене, совршен како и секогаш. За момент како да беше магма, зошто почнав да се топам во неговата прегратка. Во тој момент ја распали мојата празна утроба и почнав силно да светкам. Во тој час и половина, како да беше дел од мене, како да кружев околу неговата орбита. Ниту еден не побудил вакви чувства. Тој предизвика неутронски ѕвезден судир.
Тоа е судир на страст и емоции и продолжување како една целина или тотална деструкција на ѕвездичките. Не беше важно во тој момент. Јас ќе бидам сведок на твоето постоење и ќе те сакам оддалеку, ќе те сакам засекогаш, а ќе сјаам се помалку секој ден. Ќе те чекам со светлосни години. Можеби како ѕвездичка би те имала засекогаш, само мој за да те возвишувам.
Се надевам ќе сфатиш што значи да си љубен и единствен. За мене тоа си, а јас не знам дали постојам за тебе. Проклетство ли си за да го згасниш моето постоење ? Среќна ќе е таа што ќе ја избереш, а јас би умрела од тага за тебе. Како да се приближувам до црна дупка. Нема спас... само кажете му дека ми е се, ТОЈ Е ЉУБОВТА НА МОЈОТ ЖИВОТ и дека ГО САКАМ НАЈМНОГУ ВО ЦЕЛА ГАЛАКСИЈА!