Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Знаеш баш сме како листови на ветер, само гранката чива е, моја или твоја, утре ќе имаш доволно време без мене да одговориш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Prashina

misti.diva orhideja

Член со 30 казнени поени
10 јануари 2017
262
195
43
Извини за скриената мисла во зборовите изговорени, извини за пропуштениот бакнеж во потрошениот ден, извини што се вратив на стазите стари и тебе што не те најдов во нив(flower)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Iris*

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Се` уште не можам да сконтам, постоеше ли поперфиден начин на збогување без самите искажани зборови? Посебно кога и двајцата бевме емотивно интимни една вечност?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

misti.diva orhideja

Член со 30 казнени поени
10 јануари 2017
262
195
43
Можеби болката ќе намали ако успеам да ја разапнам во стихови...сама сум виновна, те пуштив кираџија во срце да ми бидеш, не плаќаше со ништо....замина и остави врата отворена и куп долгови...камено срце, така се викам сега...немам емоции, му ги поклонив на ѓаволот да ги дила на улица....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Те барам како брановите уморни кон брегот на починка што итаат,те допирам како ветрот низ гранките што минува,те љубам како листот земјата ноќва земјата што ја допира.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and Prashina

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Понекогаш имам толку многу да кажам,но ќе премолчам.Не зошто не знам од каде да почнам туку зошто не знам како ќе завршам.Ќе се срамам од себе или ќе се гордеам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Конечно си дојдов при себе, и пошто веќе дома станав досаден и звучам како сенилен дедо, решив овде да го пишам ова, можеби ќе прочита и ќе види како некој идиот сакал некоја. :D

Да се разбериме, не ми беше прва личност со која сум бил близок и сум ја сакал, но оваа мислам дека беше најблиску до мојот dirty n psycho mind (позитивна смисла), и покрај сите тие мали тестови и работи што ги поставив за да ја примам во мојот свет, беа успешни, си реков ќе вложам се во неа, ќе ја сакам, почитувам, лојален и да не ја лажам (лагите ми се едно од трите нешта што мразам) и дека ќе правам се за да и е убаво. И бев во тој стадиум на страст/љубов што мислам дека се би сторил за неа и нејзиниот збор ми беше последен, ако речеше дека црното е бело, бело е! Сакав да и кажам дека има некој што ја сака ептен и секогаш да може да се потпри на него.

Тие 2-3 месеци, пеколни месеци што ги поминав прашувајќи се каде згрешив, зошто ми се случи ова, зошто мора да биди како и секоја ordinary human relationship, јас се трудев да не бидам така, да не биди монотона, да не вршам притисок, да биди со разбирање, сфаќање, лабаво, но сепак сериозна врска. Со кои мои потези кон тебе заслужив да ми го направиш то? ЗОШТО?