Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Ме помилува по лицето и тивко рече...
Трепериш...
Аха..ќе помине.
Што е со тебе?
Сакаш да ја знаеш вистината или да те излажам?
одговорив.
Ме погледна длабоко во очите и знаеше дека не се потребни зборови.
Избери ти..
Не знам да лажам,а вистината не можам да ја изустам..и се што ќе кажам ќе биде без смисла..реков,обидувајќи се да се приземјам.
Тишината кажува повеќе него зборовите..доволно е..одговори, обидувајќи се да створи насмевка на лицето.
Не му успеа..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

dusica3

Нов член
22 август 2014
27
4
3
27
Ах колку би сакала сето тоа да беше само еден лош сон. Кога би се јавил само на 1 секунда да му го слушнам гласот.. ми недостасува ...
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
А ти толку ми требаш ноќеска...
Не можам да заспијам.Не дека е некоја новост, ама оваа ноќ нешто посебно депресивна е без тебе. Загушливо ми е внатре, ладно надвор.Ја пуштам климата и легнувам под ќебе. Ги менувам сите можни позиции за спиење, надевајќи се дека ќе ја најдам најпогодната за да ме фати сладок сон. Залудно се надевам. Ти си ми постојано во мислите. Се гледам себе покрај тебе, некаде далеку на некоја планина зад седум ридови и седум мориња. Ме фаќа криза да ти ѕвонам, само на кратко да ти го слушнам гласот. Сакам да го слушнам тој сонливо мрзелив глас уште еднаш, мислам дека ако те разбудам и те слушнам ќе можам да спијам мирно бидејќи тебе ќе ти ја префрлам несоницата. Можеби тогаш ти ќе размислуваш за мене, па зошто сум се јавил, дали сеуште мислам на тебе ил веќе сум те заборавил. Потроши една ноќ на нас двајца, потроши некое време присеќавајќи се на минатото во кое обајцата лебдевме во облаците и сонувавме за нашата иднина. Можеби ќе пуштиш некоја солза, можеби ќе го земеш сладоледот од фрижидерот и со огромна лажица ќе почниш да гребиш од него, како порано кога ќе се скараше со сестра ти или со твоите. Тогаш ми велеше да молчам, да те гушнам толку силно за да не можеш да дишиш и за се што ќе бидиш свесна сум јас покрај тебе.Каде замина сето тоа? Како можеше да го пуштиш да замине во неврат? Дали некој друг е сега покрај тебе и те теши на начинот на кој те тешев јас? Дали е добар исто колку јас? Сакам да знам. Сакам да слушнам како ти продолжи понатаму, како и јас треба да го сторам истото. Да не продолжам да живеам копнеејќи за тебе. Да те преболам. Кога ќе те спомнат да не те почувствувам. Да не реагирам на твоето име. Ми го должиш тоа. Тоа е најмалку што можеш да сториш за мене. Да ми помогнеш да те избришам од срцето, од главата, од спомените.
А толку многу ми требаш ноќеска...
 

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Срекна годишнина бејби, замисли успеавме , каква бурна година беше. Секогаш велиме дека сме поминале низ кал што ретко кои парови минат. Дишам , те испратив сега , запалив цигара и само дишам. Пробувам да го зачувам моментов подолго зошто е совршен, е : лежиме ,ти заспиваш , те галам по косата , на момент ќе ме бакнеш во образ , чекаме вилареал да даде гол. Размислувам , колку е чуден универзумов, во секое лошо има и добро , во лошото нашето беше добро, сеуште е. Те сакам -ми рече , и срцево ќе ми испаднеше , какви пеперутки цели бумбари имам кога ме гледаш. Само нека трае ..
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Имам потреба да пишувам за тебе.
Не е да сум опседната од тебе,далеку од тоа е.
Онака кога не сакам да си присутен не си.
Моментите кои би требале да бидат исполнети со негативни мисли,со негативни емоции,моменти во кои би се жалела како ништо не функционира се појавуваш ти.
И некако се е заборавено,се функционира и насмевка се створа на моето лице.Не сум заљубена,ок можеби сум но знам да ги контролирам емоциите така да не е проблем да ги поднесам сите тие чувства.Минливи се.Некако подлабоко е.Нешто што комлетно ме обзема и го уништува сето она негативно што се случува околу мене.
Знаеш кога нешто знаеш,без да знаеш зошто?
Е така знам дека тоа си ти.
Ти си тој што го чекав.Ти беше мојот копнеж по љубов,ти беше мојата утопија и ти си вистинскиот.Знам.Без сомнежи.Уште од првиот момент.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Не, повеќе не ти се враќам,
доволно беше.
Подобро и за мене и тебе.
Не, не се обидувај пак,
ти истекоа шансите кај мене.
Нема повеќе, иако сакам да сум со тебе.
Треба крај еднаш за секогаш,
ми здосади да се измаччувам... не ми требаш повеќе.
Секогаш кога ќе помислам на тебе ќе се сетам на овој текст и на оваа вечер,
и нема да си дозволам пак да завршам со тебе.
Сам ми рече дека не сум за тебе...
Тоа што го имавме со друг не може,
нема друг како тебе.
толку многу нешта поминавме, камо да се запознаевме во друго време,
тогаш може подобро ќе беше.
Како и да е ќе ми фалиш многу, не знам како ќе ми биде секој пат кога ќе те видам,
всушност знам ќе бидеш болка, но се поминува.
Верував во тебе, и знам дека во тоа ладно никакво срце ме има и малку ти значам
затоа не барај ме повеќе..........:place
Не сум ти значела ко ти мене....верувај.
Дочитај ја книгата и деловите кое е*ено не опишуваа, а сега уште повеќе.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mameha and Y1K991