Да ти кажам како ги доживеав твоите зборови?
Да ти напишам колку длабоко се врежани твоите погледи во мене?
Да ти кажам дека те сонувам?
Да ти кажам дека ме излудува твоето присуство?
Што да ти кажам?
Дека се во мене го вришти твоето име?
Дека насекаде си ти?
Инвазија од ти.
Да ти кажам дека не успевам да ги стишам овие чувства?
Дека знаев дека те сакам пред да ми стане јасно?
Што да ти напишам?
Почнувам и бришам.Каде да почнам,каде да завршам?
Посилно е од мене.Ако до сега се сокривав и бегав од љубовта,овојпат ме стигна..Упорно се трудам да си докажам себе дека не е тоа тоа.
Упорно се убедувам дека е илузија,дека не е ни време ни место за тоа.
Но,не е.Реалност е.Постоиш.Те гледам секој ден.Те чувствувам.И најверојатно и време е,а и место за тоа.
Ти....ти...ти...одјеби ми од животов човеку.Само оди.