Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Побрзо ќе ја откријам корелацијата помеѓу електроните и кварковите во string theory, пред да откријам што ти се наоѓа во срцето.
Ме сакаш ли па затоа си со мене, убаво ли ти е само, сакаш некој колку да не си сам, сакаш девојка бидејќи годините и "соседите" така наложуваат, другарите се сите во врска, си се изгорел некогаш кога си се отворил.... времето си тече, прашањево ми е sandman кој ме мачи ноќе. Еднаш прашав и си направив лузна на срцето. Уште една не знам дали ќе издржи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Проклето добро се чувствувам кога не те приметувам,кога не те гледам.
Кога не постоиш,кога си таму некаде во позадина..
Кога не си ми важен и не претсавуваш ништо посебно за мене.
И тогаш сосем внимателно циркам..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991 and Prashina

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Во ништавилото на ноќва, се удавувам во тагата која е се поголема и поголема. Очите почнаа да гледаат сенки во некои времиња и далечи, минати, идни, тешки како олово. Никогаш не ја научив лекцијата да давам од себе само толку колку ми даваат. Јас секогаш давам се и целина.
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Нема да се откажам од нас и со голед на тоа што следниве години ќе бидат тешки за нас..ти на еден крај а јас на друг..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Photographer

Amoureux
23 февруари 2012
482
1,394
1,093
Сакам да ти кажам...Незнам како помина толку долго време без да те сретнам. Знаеш, јас мислев дека сум заљубен во тебе. И навистина сум. Но јас и ти сме толку различни. Навистина беше време да се разделиме. Нашите патишта и онака се раздвојуваа. Ти на еден, а јас на друг крај...Не верувам дека повеќе ќе те сретнам некогаш и некаде... а баш сакам, само за да те прашам како си. Понекогаш ми недостигаш како човек, кој сакав да е постојано покрај мене. Ја обожавав твојата насмевка и позитивната вибрација која ја шириш насекаде. Понекогаш ги гледам нашите фотографии. Фотоапаратот едноставно те обожаваше... Понекогаш сакам само да знам дека си добро...