Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Искрено , почнувам да им се дивам на луѓето што велат дека немаат стравови, зарем е можно тоа бидејќи јас го немам никогаш осетено. Понекогаш се чувствувам како да сум баш на местото каде што треба да бидам, а некогаш ми се чини ко да живеам во илузија , како да пак ќе бидам таа што ќе го даде максимумот од себе,а ќе изгуби се.
Ноќеска неможев да спијам. Се што ми требаше беше јас -ти -пиво и под отворено небо и една голема тишина , да ја осетам сигурноста и тлото под нозете.
Ќе бидеш ли тука овој пат да ме фатиш ако паднам?
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Бејб мој,толку силно сакам да те гушнам што не си ни свесен за тоа.
Премногу ми фалиш и премногу те сакам.
Ко што би рекол ти,макар и да сме лути и да не збориме важно е да сме еден покрај друг во секаква ситуација.
(inlove)(inlove)(inlove)
miss u babe
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Толку многу се чувствувам мизерно, незнаејќи што следува понатака.
Но тоа е...ти си повторно со неа, а јас се губам во просторот, се губам во маргините на младоста, настојувам да ја дарам оваа љубов, но се плашам.
Се плашам од самата себеси.
Се плашам дека сепак ќе остане скриена длабоко во мене, ќе остане еднострана и никогаш возвратена.
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Сепак изгледа дека некои луѓе се родени да имаат во себе оган и вода, и оној кој ќе им се доближи малку повеќе или ќе го изгорат или ќе го удават…
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and melpomena

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
сакам да ти кажам....убаво е да знам дека постоиш во мојот живот! Не е битно ни колку, ни од кога, ни зошто...убаво е да отворам очи и да знам дека сум со тебе.. :sreken
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
На еден начин посакувам да исчезнеш од мојот живот.Со себе носиш неред..неред кој не ми е потребен сега.Не во моментов.Само што створив ред во животов.Се е мирно и под конец.
На друг начин пак,ако исчезнеш ќе биде се така празно.Јас ќе бидам празна.
Ќе биде се во ред,се стерилно и празно.
Има во мене едно катче каде те чувам.Го оворам кога ми е потребно.Кога ги затворам очите навечер,кога ми е тешко,кога ми се плаче,го отворам тоа сокриено катче и блеснува низ мене.Ме полни со живот.Створа насмевка на лицево.Ги гони сите мои стравови,ме враќа повторно и повторно во живот.Замисли.
Што ти значи љубов..
Немој не заминувај.Нека те.Потребен си ми.
Моја прва и последна мисла наутро и навечер..
Слушам во себе како го шепотам твоето име..така тивко и нежно..
 
Последна промена:

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Од некои прегратки човек никогаш не може да се отргне колку и далеку е. Вечно ја гушкаат душата.
Ти благодарам светлино за се.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991, Lena and melpomena

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Се губам во мислите, се губам во треперливата светлина од тунелот само што овојпат тунелот е само илузија.
Ги подавам очајнички рацете надевајќи се дека ќе допрам до нешто познато, но само го слушам сопствениот крик кој се заглавил во грлото.
Боите полека бледнат, луѓето заминуваат некаде далеку од мојот досег, светлината се претвора во обична темнина
А потоа само тишина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Среќа шо не се лажемеи 2та за исти работи, а навистина да бев на твое место не би си се враќала. Повторно и повторно одеш по мене и да убаво ми е :gjavol
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991