Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Добра ноќ ти посакувам и убави сни,а јас вечерва будна ќе сонувам и ќе нижам наши мигови и спомени се додека сонцето не ја проголта месечината.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Ко некоја будалетинка , тинејџерка , барам изговор само да те видам , да поминам 5 мин плус со тебе.
Колку е чудно да ми фалиш после саати поминати заедно? Има ли воопшто крај љубовта кога расте?
Се чувствувам како да знаеш се , а повторно има многу да ти кажам.
Ти си се што сакам во овој сиво-розов свет, само една насмевка и искрен поглед , е толку ми треба да ми го забрзаш ритамот на срцево, са осетам радост во душава кога те гледам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Y1K991

молскавична

Нов член
1 јули 2014
5
6
3
Сакам да ти се смешкам, сакам кога ме гледаш на оној начин, сакам да те прашам дали сум дел од твоите најтемни фантазии?
Те исмејувам, и те проколнувам, имам чуство на задоволство и вина. Сакам да ти кажам се, ама не можам...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Photographer

Amoureux
23 февруари 2012
482
1,394
1,093
Зошто Неа неможам да ја сакам како тебе? Неможам ни да ја гледам како тебе? А каде си ти? Чии бакнежи го пополнуваат моето место? Се ме потсеќа на тебе...ми недостигаш.
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Не сфаќам зошто од нигде никаде го сонувам.
Чудно е како оние зборови кои никогаш не можеме да ги кажеме се единствени на кои мислиме.