Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Грев е да ти барам прочка,да те молам на колена кога нозеве претходно те шутнале,или да ти се колнам на љубов,а мене љубовта ми е синоним за откажување. Што и да кажам малку е,а што да направам тебе дупло ќе те боли. Непоправливи се ноќите,недостижни се спомените кои сакам во живо да ми прошетаат пред очите,да скокнам од сегашноста во минатото и на златно извезан ќилим да те пренесам во иднината. Урнебесна елегија преку страв ми ги јаде челичните надежи,а вистината е една трагична перипетија на двајца,од кои еден копнее,а друг неминовно страда.
Незнам до кој степен на агресија мојата предаденост ќе ти покаже и докаже дека си достоен и единствен,ниту дали силината на мојот збор може да те убеди во моќта на делата што планирам да ги спроведам. Доста беше оваа љубов од пристојна безбедност,време е трњето да ни се забодат по прстите,да пуштиме некоја капка крв и лузните да станат вечни предвесници дека љубовта доаѓа,си оди,но повторно се враќа. Само во друг облик,преку туѓо лице. Затоа замини,сакам повторно да те сретнам .Овој пат да не те препознаам. И да бидеме јас и ти,но скриени под маски,под еден нов почеток и изненадување за четвртината храброст што ќе ја имаме за повторно да се имаме,а на крај така едноставно да се немаме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Знаеш како викаат: „Што не те убива, те прави посилен.“
Ох, душо, ти колку пати само ме уби. Ладнокрвно.
Ме бркаше само за да си го најадеш егото.
Не бев челик, бев кршлива.
Но, сега сум челик.
Ти ме направи таква.Ти благодарам за тоа!
Кога некому му веруваш - му дозволуваш. Му дозволуваш сѐ: да влезе во твојот свет, да јаде од твојот ручек, да ја дели твојата перница,му го пружиш својот дом. Јас ти дозволив многу повеќе. Ти дозволив да го држиш мојот живот во својата рака,иако до мене имав човек кој знаеше да гго прави тоа многу подобро од тебе,и го напуштив само заради тебе Но, во другата ти држеше камен. Сакаше да ми го скршиш животот и успеа ама кратко траеше....
Денес и јас кршам нешто. Го кршам секој спој, контакт, поврзување со тебе. Кршам сеќавања делче по делче. Сѐ додека не станат само една прашина, па ветрот да си го направи своето. Кршам зборови кои не ги мислам за да бидам она што не сум била.
Да бидам силна.
И ќе враќам за сѐ.
За секојпат кога ме лажеше пред очи.
За секојпат кога ме понижуваше, сега ќе знам дека секој мој убав збор ќе вреди некому.
За секојпат кога лажно ме љубеше, ќе знам да ја чувам мојата прегратка на оној кој вреди.
За секојпат кога ќе заминеше кај некоја друга, ќе знам да си го чувам тој мој еден.
За секојпат кога ми рушеше самодоверба.
За секојпат кога ќе ме повредеше, јас ќе сум сега многу посилна.
По тебе ќе знам како не треба да љубам.
Конечно по тебе ќе ја сфатам вистинската љубов.Затоа што ти не знаеш да сакаш ниту една во животот твој не си умеел да ја сакаш......ке дознаееш еден ден за сите овие испишани зборови кои секој ден постапно ми ја кинат душава.Конечно станав онаа вистинската силната ЈАС .
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
После секоја моја љубов,
умирав и го губев Бог,
барајќи се себеси,
да би во следниот момент повторно ја нашла
љубовта и Бог,
губејќи се себе.
И тогаш се појави ти и некако се се промени.
Замисли успеав да си останам верна и да те сакам без да се изгубам себе,
без да го изгубам мојот Бог.
Тоа е поентата нели?
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Добредојде!
Кој би рекол...
Понекогаш знаев да седнам и да размислувам, кој ќе биде тој, ќе знам ли кога ќе го видам, ќе го препознаам ли, каков ќе биде...
А тој бил цело време пред мене. КАЈ МИ БИЛЕ ОЧИТЕ?
И зошто сум дозволила да помине толку време без ти пред мене, до мене, зошто сум чекала, што сум чекала, што сум барала повеќе???
 

Butterfly^^

Истакнат Член
7 јануари 2013
239
271
373
Но „ пријателите “ не се гледаат со такви очи ...
Се прашувам колку мислиш на мене? Многу? Малку? .. Воопшто?
Јас постојано мислам на тебе. Секоја вечер пред да си легнам, замислувам дека ти си тука до мене.
Зборот збогум збор е тежок кога некој силно засакаш.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
А,ми недостига да те гледам пред себе.Да се изгубам во тебе.
Некако празно делува канцеларијата со твоето не-присуство.
Досадно.
Па и саатите не поминуваат.
5 минути како 5 години.Никогаш крај.Чинам времето застанало.
И да би го исполнила само да помине,
си ги враќам сликите од сите споделени погледи,
сите случајни средби,твојата силуета во милион облици..Сета таа игра,од самиот почеток.Почнувам..и не знам да се сопрам.Блеам во мониторот и будна сонувам.
И премногу ми е.
Премногу ти во мене.
И колку повеќе се трудам да те отргнам од главава,толку поприсутен си.
Можеби..можеби треба да ти го одобрам престојот во мене..
Но тоа..тоа ми е премногу илузија за разумов.
И повторно си велам:slow down baby,само приземји се.
Среќа некој клиент ќе ме разбуди од сонувањето за некој си пола саат.
И повторно гледам на часовникот на ѕидот,уште 4 саати до фајронт.
А кога си тука,не сакам да си одам.Барам причина да останам.Секогаш наоѓам нешто што е битно и морално да се среди во тој момент.Демек толку ја сакам работата.Постанувам зависна од работата..или од тебе.
Сеедно човек,ми фали твоето присуство во толпата на луѓе во сиви костуми.
 
Последна промена:

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Што да ти кажам.. дека недостигаш, дека јас не сум јас кога те нема, дека и покрај куп од луѓе покрај мене вечерва јас само тебе те посакував и твојот лик беше пред мене, твоите очи во моите, твојата насмевка во мојата,дека ти постоиш за мене и во мене и кога сакам да те тргнам а не успевам... па ти сето ова го знаеш.Можеше да биде поинаку нели... сакав да биде поинаку, но за танго се потребни двајца душо моја, а сега јас останав да танцувам сама на овој стаклен подиум.
 
Последна промена: