Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Наскоро ќе бидеш со мене. Само уште цели четири дена. Четвртата ноќ ќе те имам во мојот кревет, во мојата прегратка. Повторно како пред два месеца. (hug)(inlove)(hug)Ќе се сакаме!!! Ќе се милуваме и ќе се :D...:sram
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Не знам поинаку освен да ти пишувам овде.Засега добро е така.
Можеби еден ден ќе ти го кажам сето ова,
без да се замарам за твојата реакција на кажаното.
Можеби и нема да има потреба да ти кажам нешто.Чинам ме читаш како буквар.
Можеби...еден ден.
Се си мислам има време.Нема потреба од превземање на избрзани подвизи.
А времето минува.
Неприметно.Ден за ден.
И секој ден е нов.Секој ден навидум ист,но поинаков.
Секое утро се будам со насмевка.
Имам можност да сум блиску до тебе.
И среќна сум.
Онака вршитам во себе од среќа.
Причини за тоа еден куп.Една од нив си ти.
Ти...
Додека те гледам како осамен и скршен се губиш во димот од цигарата која ја пушиш,со грб завртен на целиот свет,сакам да ти пријдам.
Да седнам до тебе.Да те насмеам,да ја ублажам болката која ја носиш во себе.Ми се допаѓа твојот темен поглед.Ми се допаѓа празнината која ја носиш во себе.Би ја исполнила со моето присуство.Би ја обоила во сите можни бои и нијанси.
Само нема да ја оставам сива.Проѕирна.Каква и да е.
Ќе вдахнам златен прав од љубов.
Би...толку многу би...
Кога?
Најверојатно еден ден...сигурна сум во тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady* and Y1K991

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Ми недостигаш со мирисот на пролетта и капките дожд во летово кое започнува.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and Lady*

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Вкрстување на нашите патишта, умирањето на секоја надеж и најтешко реализирање на заборавот ..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer and Y1K991

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
И кислородот кој навлегува низ твоите гради те чувствува поблиску отколку мене во овој момент.
Секој дел околу мене е себичен.
Не ми дозволува да ти припаднам.
Ти, не ми дозволуваш да ти припаднам.