Конечно сум супер, онака самоисполнета. Ти фали сега нели? Ехххх ти кажав и ти покажав...ќе ти фалам таква каква што мислеше дека треба да не бидам.
Ќе се врткаш околу наоколу , трепкајќи и триејќи ги очите со надеж дека ќе се разбудиш од овој кошмар...џабе. Ова е твое дело, целото мое однесување е онакво какво што ме учеше дека треба. Пази со солзите ќе ги истрошиш, а јас немам да ти позајмам ниту една.
Се чудиш знам, како може човек преку ноќ да стане нешто сосема поинакво. Ти кажав дека бурето мое има дно,а ти го преполни до врв и го прели.... Сега собираш со крпа, бришеш, сакаш да ја поправиш грешката ама касно е. Ова сум сега јас, ова е моето однесување. Узми или остави..се сеќаваш? ...хах тоа се твои зборови. Јас само добро ги учев лекциите што ти ми ги предаваше.