Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
Она што го чувствував кон тебе - згасна! Она што го имав со тебе - го нема веќе! Она што го посакував за тебе - не постои! Сите оние работи и нешто кои ги имавме овие години како да не постоеа воопшто, како да не те познавав! Беше странец за мене...и сега си...и понатаму ќе ми бидеш! Не ми збори и за другите што ги имав после тебе...не го разбирам тој твој "јазик"....сељачки ми делува....животот оди понатаму...разбери веќе еднаш!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer and Y1K991

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Знаеш оние сите сцени од филмови каде што девојката се прашува дали некогаш стварно постои судбина, и од тој момент се случува нешто што докажува дека неможеш против универзумот. Or Serendipity as I may recall it -"pleasant surprise".
Се што си очекувал се случува , сите зборови кои ги замислував се тркалаат пред мене , срцето чука се побрзо, а душата стегната се посилно!
Чудно е како се пронајдуваме еден со друг во секоја бура, потпирајќи се еден на друг низ секоја битка. Понекогаш се прашувам што значи вистинска љубов, дали вадењето себеси од кожа за друг без да се изгубиш во процесот , градејќи нешто што си посакувал не со било кој - туку со таа одредена личност што совршено се вклопува во целиот твој свет... И повторно страста е огрмона, желбите незаситени, погледите вкрстени, my "pleasant surprise"
 

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
Ми недостигаш, вечерва тоа најмногу го сфатив....
Секоја вечер која ќе изминува се повеќе и повеќе ќе ме влечи кон тебе..
Знам дека колку и да сакаме не можиме ништо да промениме, ќе продолжиме да бидиме толку далеку, но сепак блиску..
Како и секогаш останува само да чекаме, само трпение..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer and Y1K991

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Сакам да ти кажам и добро утро и добра ноќ, но да не биде само монолог.
Сакам да ти речам, дека тишината секогаш зборува со повеќе зборови од зборовите.Сакам тивко да ти шепнам дека посакувам само насмевката да ти ја гледам на лицето. Сакам да знаеш дека секогаш знаев која е мојата улога во твојот живот, а никогаш не дознав која е твојата...
Сакам да ти кажам дека и во ведро небо ја препознавам бурата. И многу знам, а се правам да незнам, зашто така навидум помалку боли.
И не е битно ниту што сакам да ти кажам, битно е Ти да си среќен каде и да си, со кого и да си, и секогаш во молитвите те споменувам , жив и здрав да си.
 

Photographer

Amoureux
23 февруари 2012
482
1,394
1,093
Знам дека ти недостигам и ти знаеш дека знам... Јас неможам да ги сменам работите кои ги направи ти, ниту пак да простам нешто неопростливо. Јас платив за грешките мои, за овој и уште неколку наредни животи....а од тебе не барам ништо, само остави ме на мира, биди среќна и чувај се од неранимајковци.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ние бевме најискрени еден кон друг, а со лагата несебични кон другите околу нас, но не грижи се за тоа, за миг се гледавме со иста крв во едно време за нас несудено, за некого минато, и зарем е важно некому со скршено срце.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991 and violetmoon

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
Нема да плачам кога ќе отидеш кај друга, нема ни да молам да ми се вратиш....пффф...Ќе бидам далеку кога ќе бидеш среќен, уште подалеку кога ќе патиш, а јас уште посреќна. Не се каам толку на грешките што сум ги направилa, колку што се каам на добрите работи што сум ги направилa на погрешните луѓе! :showoff
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Ноќва запали кандила за покој на душата моја, за да го најде својот пат и наместо романтични свеќи нека горат во темнината.
Само денес , само ноќва нека биде и прва и последна и радосна и тажна, нека биде рамнодушна.
И очите нека не гледаат ниту што било, а во умот нека не врви мисла ниту што ќе биде.
Било,поминало, еден ден како еден живот,една темнина како многу други,исти се....
Очите пајажини фатија од самотија. Месечината секогаш ќе го осветлува патот во мракот.
Многу мрак за една душа, многу тежина за еден човек.
Се прашувам дали тежината е потешка пред тебе или по тебе?
Или темнината е потемна пред тебе или по тебе?
Тама и молкум се простувам од себе, за да продолжам како авет да талкам по патиштата измеѓу сонот и јавето.
И тоа не бев јас повеќе , бев само сенка на сеништето кое го носеше моето име...
 
Последна промена:

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Не знаеш колку ми недостигаш.Ми недостига твојот глас додека го пијам првото утринско кафе,ми недостига твоето смеење,ми недостига се што бевме.
Без тебе ништо повеќе не е исто,ниту денот во кој не живеам,ниту јас во која ти продолжуваш да живееш и тука ќе останеш.