Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Ми треба нешто ново.
-Како мислиш ново? Сакаш на шопинг да идеме?
Не ма. Не шопинг. Нешто ново, свежо бре. Сакам како пролетва да се чувствувам препородена. Се угушив веќе од се околу мене.
-Ох, драга моја. Твојата пролет доцни малку. Уште го сакаш. А кога го сакаш старото, тоа новото се губи по пат.
Хахах, како не, го сакам. Се разделивме оддамна. Не сум го видела ни слушнала. Што знаеш па ти, од кај знаеш дека го сакам?
-Епа, да не го сакаше ќе ме прашаше за кого правиме муабет. A, ти одма почна да се расправаш со мене без да му го кажеш името. Сега јасно ти е? Ете затоа ти касни пролетта. Затоа ги нема новите, зошто уште се надеваш на старото. А, кога еднаш ќе го оставиш старото, редно е да му дозволиш на новото да се пробие до тебе.
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Сакам да сум ти светлоста која те буди, да ти бидам сонце кое ќе те милува, мирис кој ќе те магепсува..
Сакам да ти бидам рај за кој секој ден ќе умираш, пекол за кој бестрашно ќе грешаваш..
Сакам да сум ти зрак во темнина, капка дожд среде пустина, свод под кој ќе бараш утеха, парче здив кое ќе те оживува..
Да ти течам низ вените се до портите на срцето и внатре со окови да векувам..
 

Точка

Истакнат Член
20 декември 2013
41
69
318
А што сме пак јас и ти? Странци. Не знам што е ова што е - знам дека ми е убаво. И прв пат во животов немам појма што правам, а сакам да потрае. Знам дека нема да трае вечно. Не ни го барам тоа. Само сакам да потрае барем уште малку ова „чудово“... Доволно ќе е.
Странецу, што ми стори?
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Срно малечка,
млада месечино,
во овој ебен ден,
ноќва си со мене,
само ти си ми потребна,
ја запираш врелата солза,
да се излее во илјада стихови кои болката не ја стивнуваат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ти не припаѓаш каде што си, твоето место е до моето тело, до моето се, да дишеш како што дишам ноќва јас, секој здив ти, секој воздив недостигаш.