Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Знаеш ли како е да се чувствуваш празен кога во тебе вријат илјада емоции кои не успеваш да ги контролираш, кои ти се замотуваат околу градите како јазли, те дават..?
Знаеш ли како е да се чувствуваш сам и додека светот е опкружен околу тебе?
Стојам во место, барам излез..барам спас..барам лик кој ќе ме одведе на место каде таа самотија ќе престане.
Се е пусто, се е празно..немам рана а чувствувам дека крварам, вдишувам длабоко, а ми снемува воздух, врескам на сиот глас, а не испуштам ни крик..
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Еднаш ме праша зошто токму ти.... И јас ти одговорив дека едноставно ти умееш со мене.
Никогаш не сум барал некоја која ќе ми зборува дека се ќе биде во ред. Тоа е само блага утеха. Да се биде со тебе, беше како кога сите мои демони стивнуваа за момент. Ја имаш(е) таа аура да ги скротиш, да ми проникнеш насмевка без да изустиш ни збор. Самата твоја појава беше доволна да ме промени во личноста која се чувствуваше удобно во своја кожа. Се плашам дека во тој момент, моите демони што ти ги сокриваше во твојата одаја се разбудија и те исплашија.
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Направив грешки кои ни саммиот неможам да си ги простам, но не беа намерни, знам дека треба да ми се лутиш повеќе ти од колку самиот јас на себе, ми простуваш, згрешив, ти благодарам што ми даваш шанса да продолжиме понатаму. Секогаш знам дека кога ќе го прашам срцето и душата те сакам бескрајно и знам дека јас сум вистинскиот за тебе. Идиот сум. Недоволно мудар и зрел, ама проклето те сакам, и знам дека ја имам сета бескрајна љубов за тебе.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Само што помислив:
Нема да мислам на тебе вечерва,ќе се посветам на книгата со која заборавам се околу себе.
Ја отворив и првиот збор кој очиве го фатија беше твоето име...
Случајност,нели?
 
Последна промена:

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Оди.Оди и не застанувај. Ако некогаш сретнеш несреќна девојка,која во солзи ги евоцира старите спомени,тогаш сети се. Сети се дека одамна и ти си оставил некоја зад себе. Но не обвинувај се. Таа денес живее посреќно од кога и да било,зашто зад секоја тага се јавува сонце. Зад секоја грешка постои причина, а зад секоја разделба- опоравување. Само сакам да ти кажам дека ќе ми недостигаат тие наши мали скришни состноци доцна во ноќта. И не радувај се,зашто не ми недостигаш ти-еден бесчувстителен идиот кој си го нахранил егото со тоа што оставил некоја беспомошно вљубена. Тoa не е вистински маж мил мој,тоj е кукавица!
 

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Мајка ми од мали нозе ме поучуваше дека кога ќе се сретнам со љубовта и ќе станам изгубеното делче од една целина,што јас и уште некој ја оформуваме,морам да ги отворам очите.
"Љубовта е отровна стрела. Купидон ја пушта,само незнае низ какви се гнили бавчи од тага,цијанидни овошки од злоба и човечки гадотии ќе мине пред тебе да те погоди во срцето. Отвори ги очите малечка,за да не ги затвораш портите на срцето од страв по секоја,ненамерно направена грешка."
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Љубов е најмоќното оружје кое га даваме надевајки се дека нема да го употребат против нас!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Не сакам ништо да ти кажам. Еднаш во животот сакам ти нешто да ми кажеш. Од моите монолози ме боли главата. Се чувствувам како будала која си збори сама со себе.