Ќе те сонувам..
Како вчера и ноќта пред тоа и ноќта пред тоа.
Убави се тоа соништа.
Полни со чувства, така реални и вистинити.
Полни со љубов.
Несакам да престанам да те сонувам.. ни утре,
ни задутре,ни за година,нит до крајот на животот.
Остани во моите соништа и не оди..
Никогаш..
Само таму си мој и јас твоја..
Денот е тој кој ме враќа во реалноста..и така е долг..
И повторно чекам, да дојде ноќта..
За да бидам со тебе..