Ноќта е таа која ме носи кон тебе.
Ноќта е таа која ме гуши..
Во ноќта те барам.....
твојот лик, твојот глас....тебе..
Посакувам, се да беше поинаку..
Посакувам да те запознаев надвор од сите представи на реалноста.
Надвор од репрезантацијата на правилното и погрешното,
таму во празното поле,
посакувам таму да те запознаев.
Фантазијата е таа која ми овозможува да сум со тебе.. но не е доволно, сакам да те допрам, да те гушнам, да се изгубам во тебе..
Зошто баш ти?
Зошто баш вака?
Зошто баш сега?
Зошто немам право да се налутам ако постои некоја друга?
Зошто немам право да кажам дека си мој?
Останува само да те сакам безусловно, без почеток и крај..
Без очекувања, без граници, без ветувања.
Болна е ноќта, ме води кон тебе..