Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Selene

Модератор
6 јуни 2012
719
1,867
1,103
До пред некое време беше само опција во мојот живот.
Сега си еден од приоритетите.

Јас без тебе сум како подрум без ајвар. Incomplete.
 
  • Like
Реакции: Photographer

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Мразам пролет. Го мразам крајот на март. Мразам маскенбали и игралишта со трибини. Мразам скали. Мразам што доаѓа почетокот на нов месец. Мразам што емотивно ме доведе до местото од пред една година... Ах да, спомнав ли дека мразам пролет? Да? Ама јас да си повторам. Мразам пролет бидејќи нашево таму почна и таму заврши. Проклето боли. Ама нека... Веќе се навикнав... Почнав да отрпнувам... И што вика Владо, “...што и да е, ќе помине...“ Се надевам дека и на ова еден ден ќе има крај. Завршив со пишувањето во темава. Ти кажав се што имав да ти кажам. Сега оди и прави што ќе сакаш, ама уште еднаш немој да ти текне да ми се јавиш кога ќе бидеш пијан. За тебе, мојот телефонски број не постои.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,353
3,846
1,153
Сакам да ти кажам дека ги мразам моментите кога живееме криза. Тогаш се мразам дури и себе. Одразот во огледалото не можам да си го гледам.
Тогаш мила сета вина ја гледам во себе, а тебе ти зборувам како да си ти виновна. Тогаш мила сум збунет.
Сега сум збунет. Не знам што да мислам, и не знам што да чувствувам. Сакам само да помине...
Ќе помине?
Вети ми...
 
  • Like
Реакции: ZmajChe

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
Во кого да ја барам вината што оладив? Во мене ДА! Се` се промени..... Што ни` се случува? :unsure
 
  • Like
Реакции: Marchisio and Rosana

destroy

Нов член
27 февруари 2013
13
18
3
На моменти навистина не си ниту самиот свесен колку ми одиш по нерви, колку сакам да те шамарам од што ме нервираш и не те поднесувам до тој степен што веројатно би можела да те задавам, колку морничаво и да звучи. Но тогаш ќе ме погледнеш со тие очи твои, ќе ме допреш со студените дланки, ќе си ја навалиш главата на моето рамо ... и толку ми трае нервозата, тогаш настапува делот кога не сакам да ги оттргнам моите усни од твоите. Имаш некаква чудна моќ врз мене и тоа е тоа што најмногу ме нервира. Не сакам да е така, затоа што несвесно ти се имам препуштено, не треба да е така. Не смеам уште еднаш да си дозволам таква грешка. Си ветувам дека ќе внимавам од денес.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,154
7,681
1,183
земјата на чудата
Ноќта е таа која ме носи кон тебе.
Ноќта е таа која ме гуши..
Во ноќта те барам.....
твојот лик, твојот глас....тебе..
Посакувам, се да беше поинаку..
Посакувам да те запознаев надвор од сите представи на реалноста.
Надвор од репрезантацијата на правилното и погрешното,
таму во празното поле,
посакувам таму да те запознаев.
Фантазијата е таа која ми овозможува да сум со тебе.. но не е доволно, сакам да те допрам, да те гушнам, да се изгубам во тебе..
Зошто баш ти?
Зошто баш вака?
Зошто баш сега?
Зошто немам право да се налутам ако постои некоја друга?
Зошто немам право да кажам дека си мој?
Останува само да те сакам безусловно, без почеток и крај..
Без очекувања, без граници, без ветувања.
Болна е ноќта, ме води кон тебе..